Икигаи, или како Јапонците живеат толку долго

Името на концептот се преведува како „причина за живеење“ и е спојка од два јапонски збора икиру - да живее, и каи - реализација на сопствените надежи.

Според луѓето што се разбираат во овој концепт, главните четири прашања што треба да си ги поставиш е:

- Што сакаш?

- Во што си добар?

- Што му е потребно на светот од тебе?

- За што можеш да бидеш платен?

Прво треба да ги одговориш овие прашања па потоа да најдеш баланс меѓу четирите области.

Јапонците оваа филозофија ја поврзуваат со други два јапонски концепти: „итаикан“ и „јико јистуген“. Првиот се однесува на „чувството на единство, или посветеност на, група или улога“, додека второто повеќе има врска со само остварување.

Западните автори потврдуваат дека икигаи ќе доведе до подобар живот „затоа што ти дава причина за живеење“, и ја предупредуваат својата публика дека „икигаи не е нешто величествено или извонредно.

Икигаи им е познат и на експертите за сини зони (области од светот во кои луѓето најдолго живеат). Според нив во Окинава, островот познат по бројноста на долговечни жители, икигаи преовладува во животот на населението. Со тоа што концептот таму се комбинира со посебна исхрана и мрежа за поддршка од пријатели, наречена моаи.

Она што исто така е важно при практикување на концептот е дека треба да се има предвид дека икигаи, односно одговорите на 4-те прашања, се менуваат со тек на време, па на одредени периоди добро е човек да ги преиспита истите.

 

26 декември 2017 - 09:33