Станува збор за 64-годишен вработен во водостопанството во Кобе кој го посрамил својот оддел и компанија откако во изминативе 7 месеци во 26 наврати излегол на пауза 3 минути пред нејзиниот официјален почеток.
Ако сакате подетална математика, излегува дека вработениот во овој период само еднаш неделно порано станувал за пауза. Човекот не бил фатен од претпоставените, туку бил исцинкарен од колега кодош кој преку прозор го забележал како оди кон блискиот ресторан за да купи храна за паузата за ручек.
Закопани во резил раководителите на водостопанството свикале прес-конференција пренесувана на телевизија на која порачале дека „длабоко жалат“ за постапките на својот вработен и се извиниле со длабок наклон.
Освен крадењето на минути, вработениот го прекршил законот за јавна служба која бара од сите службеници „да се концентрираат на својата работа.“
Пред некое време градските власти на Кобе отпуштија друг вработен заради отсуство од 55 часа во период од 6 месеци.