Таг: исис

Како е можно ИСИС уште да опстојува?

Парадоксот е дека колку подолго ИСИС ги држи под контрола териториите во Сирија и Ирак, толку повеќе неговата мрежа ќе може да извршува терористички напади низ светот, а и покрај тоа што не е тежок за поразување, тој успева да ја одржи контролата затоа што никој (вклучително САД и сојузниците) не го третира ИСИС како примарен непријател.

ИСИС почна да расчистува по дома

Повеќе десетици припадници на ИСИС се егзекутирани од страна на ИСИС заради сомнеж дека се кодошите кои ги помогнале американските воздушни напади во кои беа убиени повеќе високи функционери на организацијата.

ИСИС го држи Европското на нишан

Ханс-Јорг Масен изјави дека германските служби за безбедност имаат некои сознанија дека Исламската држава од сенка го држи на око фудбалскиот турнир.

Терористички напад на фан клуб на Реал во Ирак, има жртви

Група наоружани терористи влегле во фан клубот на Реал Мадрид во Ирак и убиле 16, а повредиле 20 лица, некои од нив посериозно.

Како стварно изгледа да се бориш за ИСИС

Вајс њуз добива снимка од монтираната камера на еден од борците на ИСИС кој во март 2016-та загинува во борба со Пешмерга силите во северен Ирак. Битката е на околу 50 километри северно од Мосул. За разлика од ИСИС пропагандата кој се труди борците да ги претстави како копија на германската дисциплина, снимката ги покажува нередот и забуната карактеристични за вакви организации. Видеото вчера е објавено.

Банкротирана Исламска држава

До пред само некој месец раскошниот рај на секој што има каков било проблем со Западот и нема никаков проблем со обезглавување луѓе, деновиве е во сериозни проблеми со немање пари.

Буџетската дупка на ИСИС

Месечните приливи на ИСИС паднале од 80 на 56 милиони долари. И ако ИСИС од другите влади во светов се разликува по многу работи, во една е иста: приходната дупка на буџетот ќе го пополнува со нови даноци.

Палмира по безумноста на ИСИС

Во мај минатата година ИСИС го презема Палмира, градот во кој се наоѓаат неколку антички храмови и музеј преполн со статуи, споменици и останати бесценети артефакти. Уште од првиот ден почнаа да се шират извештаи за сето уништување што ИСИС во име на чистоверието го спроведува во Палмира. Минатата недела градот повторно е освоен од сириската армија.

Жена од кариера

Сафја Јасин се до апсењето е сериозна пропагандна машина на ИСИС во САД, пред да биде со нив таа е една од најпознатите блогерки кои ја објавуваа вистината за тоа како "кемтреилс" ги трујат Американците, а кариерата ја започна како мајка од Мисури кој блогираше против вакцините и како тие предизвикуваат аутизам.

Зошто Белгија?

Водечкиот истражувач за тероризам на Кралската воена академија на Белгија, околу тоа зошто европскиот џихад е фокусиран на Белгија, и зошто е толку тешко за белгиските власти да го решат проблемот?

Братот на терористот од Брисел освојува медали за Белгија

Братот на Наџим Лашрауи, кој се смета за главен организатор на терористичкиот напад во Брисел, Мурад Лашрауи долго време успешно ја претставува Белгија во таеквондо на меѓународни натпреварувања.

Фудбалот во Сирија среде војна и тероризам

Никој не памети кога на стадионот Латакија Спорт Сити последен пат се играл фудбал. Белите линии за аут се црни, а стадионот веќе долго време е бегалски камп. И покрај сè, првенството во Сирија се игра, а репрезентацијата е близу пласман на СП 2018.

ИСИС има проблем со исплата на платите

Откако со великодушна американска и западна асистенција војните ги упропастија економиите на земји како Либија, Ирак или Сирија (се сеќавате како домашни морони се надеваа дека и кај нас ќе дојде Арапската пролет?), ИСИС стана еден од најдобрите и најсигурни работодавачи во тој регион. Но, и нив ги фати оскудација.  

Брат за брат, Пешмерга за 300 милиони долари

Курдските сили кои цело ова време се единствената групација што има успех против ИСИС, побараа од САД 300 милиони долари месечно за да ја продолжат борбата против ИСИС. Луѓето од септември немаат примено плата.

Дали првиот амандман важи и за ИСИС?

Под влијание на заканата од ИСИС, кругови во САД почнуваат да ја преиспитуваат неприкосновеноста на најважниот столб на американското општество, првиот амандман кој ја гарантира слободата на говорот. А тие кругови не се само Доналд Трамп.

Платните списоци на џихадистите

Ако ИСИС го водиме како фирма, тие на својата завршна сметка би пријавиле бруто приходи од околу 900 милиони долари годишно. Од овие пари околу две третини тие ги вложуваат во своето војување.

Сè што треба да знаете за подемот на ИСИС во 6 минути

Како и секој добар американски хорор, и овој започнува со - Советскиот сојуз во 70-те... Кратко и јасно видео за создавањето на ИСИС, како се ширеше, како ќе биде поразен, ама никогаш нема да биде уништен.

Треба да разговараме за Турција

Има нешто чудно околу свечените декларации дека сите ние сме во војна против Исламската држава - сите светски суперсили против религиозната банда која контролира мало, претежно пустинско, парче земја...

Луѓето што шверцуваат цигари во калифатот

Во пакетот мерки што ИСИС ги воведува во секој град што ќе го освои регуларно доаѓа и забраната за алкохол и цигари. Забрана која е универзално омразена без разлика дали ја воведуваш во некое парче пустина или сред метропола. Уште една карактеристика на оваа забрана е што до сега никој во свет не успеал 100-процентно да ја спроведе, без разлика он што мисли.

Кромид гледа, Ел Чапо вади

Веста дека дури сега ќе дојде крајот на ИСИС, откако се згрешија и го изнервираа Ел Чапо (која оди по маалската логиката дека мексиканскиот картел некако е воено поподготвен од Русија или САД), која беше пренесена од Фокс, Њујорк Пост, Форбс и речиси се што индексираат македонските агрегатори, ниту е точна, ниту е вистинита, туку е чиста сатира, ако може да му се верува на човекот што ја напишал.

Сирискиот јазол

Веќе четири години во Сирија се одвива крвава војна. Она што започна како демократско востание против диктатурата на Башар ал-Асад се претвори во кошница на конфликти, делумно отсликувајќи ја и бруталната борба за регионална доминација меѓу Турција, Иран и Саудиска Арабија. А сега Русија, преку воена интервенција во име на Асад, се обидува да го засили својот статус како глобална сила во однос на Западот.