Во март, по убиството на командантот ал-Туниси со напад од дрон, ИСИС започнува лов на предавниците во своите редови. До завршување на истрагата тие егзекутираат 38 свои членови под сомнеж дека се информатори на непријателот. Во согласност со "бренд букот" на организацијата телата на дел од егзекутираните предавници се изложени на јавни места како предупредување до останатите. Дел од телата не можеле да бидат изложени затоа што егзекуцијата наводно била извршена со фрлање во буриња со солна киселина.
Освен егзекутираните, добар број завршија во затвор, а еден дел се во бегство во страв да не не дочекаат право на жалба на обвиненијата против нив.
Информациите што ги објавува израелскиот весник Хаарец, се од комбинација на извори меѓу кои се сириска опозиција, курдски воени команданти, ирачки разузнавачи и информатор на ирачката влада кој работел во ИСИС.
Една од причините што припадниците на ИСИС станаа толку отворени кон предавство е што добиваат добри пари за информациите во време кога нивниот работодавец значително им ги намали платите, а и не е редовен во нивно исплаќање.
Во изборот на мерки што ИСИС ги презема за откривање на кодошите се ненајавени застанувања и проверки на мобилните на нивните борци, или давање различни доверливи информации на различни екстремисти, па чекаат да видат која информација ќе стигне до непријателот.
Меѓу егзекутираните старешини на ИСИС во последниов период беше нивниот министер за војна, Омар ал-Шишани, еден од најозлогласените милитанти Шакер Вухаиб, и еден од највисоките финансиски функционери на организацијата, Абу Али ал-Анбари.
По убиството на ал-Анбари седум или осум функционери на ИСИС во Мосул се приведени и од тогаш не се знае ништо за нив. Во април во Мосул се убиени и дополнителни 10 борци на ИСИС бидејќи наводно им давале локации за воздушни напади на Американците.
За убиството на Вухаиб ИСИС егзекутира неколку дузини свои членови заради сомнеж дека ја издале неговата локација. Вухаиб стана озлогласен на почетокот од војната во Сирија, кога се појави видео како тој застанува сириски камионџии, кои ги прашува дали се Сунити или Шиити. Тие што ќе кажат Сунити добија уште едно потпрашање, тројцата камионџии што го згрешија прашањето по кратко време признаа дека се Алавити, по што беа легнати на земја и застрелани од Вухаиб и неговите луѓе.
Убиството на ал-Туниси во Ирак го истражуваат ирачки и чеченски припадници, кои во рок од неколку дена како дел од својата истрага егзекутираа околу 20 борци на ИСИС борци.
Во ловот на предавници беше егзекутиран и еден цивил во близина на Рака. Абдул Хади Иса бил изведен на градскиот плоштад, каде маскиран милитант му забива нож во срце, и додека ножот се уште му е во гради му пука со пиштол во глава. Неговото тело потоа е оставено да виси на градскиот плоштад и на него е закачена порака на која е испишано делото што го направил и казната за тоа.