Ова и не е толку лошо. Стадионот во провинцијата Идлиб неколку пати бил гранатиран од терористите кои откако го освоиле тој простор, го скршиле големиот портрет на сирискиот претседател Башар Ал-Асад а потоа спортските објекти ги претвориле во паркинзи за возилата. Најтажната слика доаѓа од Хомс, еден од најголемите градови во Сирија, кој прв ги претрпел сите удари од војната. Стадион веќе нема, а и кому веќе му е потребен кога целиот град и секој дом е срушен до темел.
Тешко е да се поверува, но и во такви неподносливи услови во Сирија доследно се игра фудбалско првенство. За време на 6-годишната војна, шампионатот бил одложен само еднаш и тоа во првата сезона. Тогаш сите екипи ги напуштиле своите градови и се собрале во две релативно безбедни места. Сега во моментов лигата брои 19 клубови поделени во две групи: едните играат стално во Дамаск, а другите во Латакија. Трите најдобри тима од двете лиги одат во втор круг и продолжуваат во борбата за титулата со меѓусебни средби.
За време на војната многу се сменил и односот на силите во првенството. Поранешните неприкосновени лидери Ал Карама од Хомс (шампион од 2005-та до 2009-та) и Ал Итихад од Алепо останале без поддршка од локалните бизнисмени.
Сега сите пари за ги одвојува фудбалската федерација која што поради меѓународни санкции не може да прима уплати од ФИФА. Ал Итихад еднаш морал да игра цела сезона со трет состав, затоа што главните играчи избегале од Сирија или заминале во други клубови.
„Тоа е друг свет таму. Во Хомс имав огромна куќа со пет спални соби, со голем двор, со теретана. Сега живеам во бегалски камп во Турција", жали за родниот град Шахер Шахин, поранешен стопер на Ал Карамах кој има само 24 години.
Моќни екипи во лигата секако се оние што се поблиски до режимот на Башар ал-Асад. Две од последните четири првенства ги освоила екипата Ал Џаиш која што е под покровителство на Министерството за одбрана на Сирија и името на тимот буквално се преведува како Армија.
Златен шампионски пехар освоил и клубот Ал Вахда, финансиран од бизнисменот Мухамед Хамшо кој се збогатил благодарение на топлите односи со Башар ал Асад. Хамшо е сопственик на компании готово во сите области - од градежни до нафтна индустрија, Интернет и произведува сладолед. Уште еден шампион од почетокот на војната близок до власта е Ал-Шорта, екипа поддржана од сириското МВР.
Поради далечината на Дамаск и Латакија првенството ги загубиле и гледачите. На некои натпревари не се дозволува публика поради безбедносни ризици, и стадионите се отворени само ако мечот се игра наутро или попладне.
„Ал-Итихад имаше поддршка од 75.000 луѓе кои го исполнуваа нашиот голем стадион, а сега играме пред илјада гледачи во просек. Кога ги гледам старите снимки и гледам гомила луѓе, тешко ми е да ги сопрам емоциите. Тоа е многу тажно.", вели младиот играч од среден ред Хиндави.
Руската Катјуша се свири и пее на трибините во Дамаск:
Што било со првенството пред војната?
Во време на војна, парадоксално имало многу помалку скандали со корупција. Претходно случаеви на корупција и мито се отворале и затворале секоја година. Фудбалскиот сојуз одлучил да исклучи од лигата два големи клуба кој редовно ги подмитувале судиите, службениците и противниците.
Како резултат на тоа, пет крупни фудбалски работници дале оставка од партијата на Асад „Баас" и се жалеле во ФИФА за политичко мешање во на властите во Сирија во спортот.
„Кој ќе се жали во ФИФА е предавник, ја продава својата страна", изјавил раководителот во сирискиот сојуз, Фарук Буро пред неколку години.
Репрезентацијата не може да игра дома
Селекцијата на Сирија поради безбедносни причини нема дозвола да игра на домашен терен. Регуларно средбите ги играат во соседните Оман или Иран. Тоа претставува голем логистички проблем и фудбалерите буквално се собираат во местото на два дена пред мечот.
Полушпицот Осама Омари раскажувал за патешествието до Сингапур лани во квалификациите за СП 2018-та. По цела одисеа со автобуси, авиони и бродови стигнале до местото без свои навивачи и победиле. Во иранскиот град Машхед го победиле Авганистан 6:0, а на стадионот имало 9.000 навивачи на Авганистан и само 9 на Сирија.
И покрај ужасните услови, Сирија стои одлично на табелата во квалификациите за Светско првенство 2018-та во Русија. Има само бод помалку од лидерот Јапонија и има добри изгледи да се пласира во следната фаза од квалификациите. Во март Сирија игра против Камбоџа и Јапонците може да паднат на второто место.
Од друга страна, противниците на Башар Ал-Асад основале своја репрезентација. Едната има база во Турција, во јужната провинција Мерсин, каде турското министерство за млади и спорт им дал да тренираат во спортскиот центар.
Селектор на таа селекција бил Марван Мона кој верува дека ФИФА ним ќе им даде статус на официјална репрезентација на Сирија.
„Избегавме од Сирија од војна, а Турција нè пречека со отворени врати. Војската на Ал-Асад ги бомбардираше стадионите и ги убиваше спортистите. Режимот строго се противи на секој играч кој сака да ја напушти земјата", вели Марван Мона.
Трета селекција на Сирија оформила и Слободната армија на Сирија, организацијата која што е опозиција на Ал-Асад. Играат во зелена униформа, спротивно на традиционалната сириска црвена за која велат дека е симбол на крв.
Што се однесува до Исламската држава, за неа има различни објави. Во јануари 2015-та грозоморно јавно убија 13 млади фудбалери на мечот на Купот на Азија меѓу Ирак и Јордан (1:0) под изговор дека фудбалот носи погубни западни вредности и гледањето на истиот му противречи на шеријатскиот закон.
Во меѓувреме стигнуваа информации дека лидерот на ИСИС, Абу Бакр Ал-Багдади сакал фудбал и дека во студентските денови играл во нападот. „Тој беше нашиот Лионел Меси, просто неверојатен талент за фудбал", се присетил извесен Абу Али во интервју за англискиот Телеграф.
Вашингтон Пост објави дека и крволочниот Џихади Џон кој бил убиен во ноември 2015-та година, на времето додека живеел во Велика Британија бил голем навивач на Квинс Парк Ренџерс.
Необична е и приказната со младиот, 19-годишен голман Абдел Басет Ал-Сарут кој во март 2011-та година во родниот Хомс кренал митинг против Башар Ал-Асад. Играл за јуниорската репрезентација и бил прв голман на месниот клуб Ал-Карамах.
И покрај тоа што имал само 19 години, станал голем лидер на уличните протести и го напуштил фудбалот. Во 2012-та година на првиот митинг тој побарал да го кренат на раменици, мафтал со бела маичка и викал „Еј снајперу, еве сум, овде ми е главата, пукај ме ајде"!
Абдел долго време бил херој на опозицијата во Сирија и основоположник на културата на протестите со фудбалски мотиви и песни:
Во меѓувреме власта вршела страшен притисок за негово апсење. Му го убиле постариот брат Валид и неколку негови блиски пријатели. Му го срушиле домот, но тој секогаш успеал да им побегне.
За него е снимен филмот „Враќање во Хомс" којшто ја добил златната награда на Гран-при фестивалот Санденс 2014-та. Филмот е посветен само за Ал-Сарут од фудбалските почетоци до вооруженото востание. Режисерот Талал Дерки долго време сакал да сними филм близок до народот и кога на првиот митинг во Хомс го слушнал младиот голман, знаел дека тоа е тоа.
„Просто ве заразува со идеата за една секунда и ја чувствувате неговата енергија. Во еден момент тргнавме и камери и снимања само за да го слушаме. Неверојатно ве мотивира на борба. А замислете има само 19 години, никогаш не бил на факултет, не се занимавал со реторика, му помагал на татко му во некои нелегални бизниси", раскажа подоцна режисерот на филмот.
Башар Ал-Асад во меѓувреме јавно го повикал голманот да дојде кај него, да разговараат и да му се врати на фудбалот, но Ал-Сарут одбил и натаму продолжил да се бори против режимот на Асад.