Никој не памети кога на стадионот Латакија Спорт Сити последен пат се играл фудбал. Белите линии за аут се црни, а стадионот веќе долго време е бегалски камп. И покрај сè, првенството во Сирија се игра, а репрезентацијата е близу пласман на СП 2018.
Сирискиот пасош најден кај еден од терористите во Париз очекувано ги потпали теориите дека мигрантската криза е пеколен план на Исис да се инфилтрира во Европа. Многумина забораваат дека фактот што луѓето бегаат од ИСИС и нивниот калифат, всушност, е најголемиот пораз на мороните.