Мурад Лашрауи, братот на најбараниот светски терорист во моментов е освојувач на медал и гордо ја претставува неговата земја Белгија. Самиот признал дека се срами од брат му од кој се откажал. Мурад Лашрауи се дистанцирал од неговиот помлад брат Наџим, а така постапило и поширокото семејство кое потекнува од Мароко.
Фамилијата била испрашувана од полицијата уште по нападите во Париз. Наџим, еден од шесте деца се смета за човек кој ги прави бомбите за терористите на ИСИС ширум Европа. Татко му ѝ рекол на полицијата дека го препознал синот меѓу еден од оние кои се во бегство, но дека не го видел одамна.
„Не сме се слушнале со него, ниту сме се виделе цели три години. Семејството се срами од Наџим и се плаши дека неговите терористички активности може да ја загрозат атлетската кариера на Таеквондистот Мурад.
Мурад Лашрауи има 29 години и освоил сребрен медал во категоријата 54 килограми на Светското првенство во Јужна Кореа минатата година. Ова е негов трет медал откако ја претставува Белгија на големите натпреварувања.
Спортистот е почитуван во Белгија, често постирал фотографии од неговите патувања во Дубаи и Израел. Браќата Ибрахим и Калид Ел Бакруи денес и официјално се назначени за двајцата бомбаши-самоубијци кои го нападнаа бриселскиот аеродром каде загинаа повеќе од 13 луѓе.
Само 79 минути пo нападот на аеродромот, бомба била активирана и во бриселското метро на станицата Мелбек каде загинаа 20 луѓе.