Шверцот на забранетата стока се врши со цистерни кои имаат вградено дупло дно за сместување на пакетите цигари, а на територијата на ИСИС влегуваат како залихи со дизел или пратка сточна храна. Конкретно за шверцот во Рака извор е градот Рас ал-Аин на границата со Турција, кој Курдите во 2013-та го зазедоа од ИСИС.
Шверцерот што разговара со Базфид е етнички Курд, Абу Антар, кој за своите камиони ангажира шофери Арапи, кои можат полесно да ги минат проверките на ИСИС. Ако случајно некој од шоферите е фатен, тие обично можат да платат за да избегнат затвор. Ако борците што те фатиле се вистински ИСИС фанатици, тие обично на лице место ги горат цигарите, останатите го делат пленот меѓу себе и го препродаваат.
Антар дневно испраќа меѓу два и четири камиони на територија на ИСИС, кои носат околу 600 пакети цигари. Ако цената на кутија цигари во Рас ал-Аин е 1,32 долари, во Рака тие ги продаваат за 1,85.
Кога пратката ќе стигне во Рака, таму е преземена од подземна мрежа која ги дистрибуира цигарите меѓу редовните клиенти. За сега пушачите смеат да запалат цигара само дома ако никој од домашните не го накодоши кај џихадистите.