Таг: индија

Двајца Македонци ќе патуваат од Стојаково до Индија со Рено 4

Веста на денот не е од ЛШ или ЛЕ, туку од јужниот дел на гевгелиско-валандовската котлина, а ја споделија Ѓорги и Џоко на Фејсбук страната „Од Стојаково до Ница со Рено 4“. Тоа беше првата нивна мисија. Втората им е околу четири пати подолга.

Ако е свадба нека е од 100 милиони долари

Освен што сите разбравме дека ни за Бијонсе нема срам од фаќање тезга на свадба (работа ко работа) и дека и Хилари Клинтон ќе најде време за свадба да патува преку пола свет (хонорар ко хонорар), впечатокот за најскапата свадба на светот се затвора со цехот што ќе треба да се плати - 100 милиони долари.

Аха да, ќе ти веруваме со тој опасен брк дека имаш 16 години

Најмладиот стрелец во Индија на 16 години се испостави дека нема уствари 16 години. Лага многу добро позната во индискиот фудбал која се има случено и во една Италија.

Заборавената жена-антрополог која успеала да исконтактира со „најопасното племе на светот“

Вчера 22.11 медиумите известија за настан кој изгледа како излезен од некој авантуристички филм - изолирано племе со стрели усмртило американски мисионер. Дали тие навистина никогаш не биле успешно контактирани од бел човек?

Ризикуваше две топки за да спаси една

Херојот на денот, месецот и годината ни доаѓа од Индија. Што ли ќе каже жена му на ова?

Хари Потер и владеењето на правото

Како се толкуваат и спроведуваат законите кај нас, можеби веќе има ваков курс за правна магија за кого не знаеме. Ама еден сигурно ќе биде наскоро воведен, во Индија.

Жолтата боја добиена со мачење животни

Неодамна пишувавме за ретката сина боја која ја измислиле Маите. На ред е - индиската жолта.

Индиски СВОЗ за чисти плажи

Во рок од една година од само една плажа во Мумбај волонтери (ученици, локалци, активисти...) отстрануваат над 12 илјади тони (12 милиони килограми) претежно пластичен отпад, и без да изгледа како обезвреднување на нивниот труд, уште не се ни приближно готови.

Индија вадење лоб удар, да се наежи човек

Роналдо ли е, Меси ли е, Нејмар ли е? Не Сунил Четри е од Индија. Нивниот капитен кој против Кенија го одигра јубилејниот 100-ти настап, постигна два гола од кои едниот што да ви расправаме. 97-ми се на рангот на ФИФА и немаат учество на Светско.

„Дамите имаат предност“ (Ladies first, 2018)

Краток документарец чија премиера на Нетфликс се случи на 8 март, зборува за некогашната светска шампионка во стреличарство и нејзината неверојатно инспиративна приказна. Во која дамите немаат секогаш предност.

Патека на стравот и ужасот и на не, фала

Како се развива фобија од височини? Е вака. Патеката се наоѓа на планина во Индија и води до остатоци од некоја тврдина од 500-та година п.н.е. и без разлика колку е високо за качување, проблемот е во симнувањето. Посебно за време на сезоната на монсуни. Видеово е во сезона на монсуни.

Вест од BBC, релевантна за кај нас

Индиската полиција уапсила човек зашто му смрделе чорапите.

Mистичната фашистка „воскресната“ од радикалната десница

Савитири Деви, обожавателка на Хитлер и на ариевскиот мит, од нејзината смрт пред 25 години беше ретко спомнувана. Но благодарение на подемот на екстремната десница, нејзиното име и слики почнаа сè почесто да се појавуваат онлајн.

Замислете да треба да стоите на химна во кино?

Пред една година Врховниот суд на Индија донесе одлука дека националната химна мора да биде изведувана во секоја кино сала пред прикажување на филмовите, а дека публиката мора да стои на нога. Сега филмски љубители од еден мал град во земјата се обидува да пружи отпор.

Британија не може да изеде колку што Индија може да фрли храна

Околу 40% од храната произведена во Индија се фрла, а само од вкупното производството на жито во Индија се фрлаат околу 21 милион тони пченица, покажува извештајот на УНДП.

Македонци и Индијци, браќа по гастарбајтери

Што е најголемото зло што Трамп може да им го направи на Индијците? Да им ги врати назад сите иселеници што се преселиле од Индија во САД, "тоа роднините со надуено его, погрешно чувство за успех и лажен акцент, па тие не се трпат кога ќе се вратат за одмор на неколку недели, а не па за трајно..."

„Лав“ или детето од Индија кое се врати дома по повеќе од 20 години

На 5 години, на железничка станица некаде во Индија, Сару се одвојува од брат му и се губи. Судбината го носи во ново семејство, во Австралија. Но многу години подоцна мислата на домот не му дава мир. Со помош на Google Earth успева да се врати.

Кешот е утепувачка

Индискиот премиер реши да ги повлече двете најчести банкноти во земјата, со што предизвика трговски колапс во државата во која 90% од трансакциите се извршуваат во кеш. Наместо да отстапи, тој порача дека сега му е мајката да се фати чекор со светот.

Пет работи за првиот Индиец кој ќе игра во Шпанија

Ако не си дел од Барса или Реал не е лесно да запишеш некоја историја во Ла Лига. Но како големо изненадување ете го Леганес, клубот кој го потпиша првиот индиски фудбалер кој ќе заигра во Шпанија.

Тито во Индија беше како рок ѕвезда

Велес можеби го заборави ама Индија не. Таму Тито со децении е едно од најпопуларните странски имиња кои им се даваат на деца. "Свесен сум за Титовата големина, се надевам дека еден ден ќе бидам достоен на името кое го носам", вели музичарот Тито Гуха.

„Човекот кој ја познаваше бесконечноста“ или приказната за еден математички гениј

Базиран врз истоимената книга, ова е биографски филм за еден индиски математичар, кој без формално образование успеал да даде огромен придонес во неколку математички области. Не мора да знаете математика за да го гледате, а по пат можеби нешто ќе научите.

Приказната за индиските улични продавачи на чај

„Чај вали" е име за луѓето кои на секое ќоше, и во секое населено место во Индија подготвуваат топол чај со млеко, кој ги освежува минувачите. Една фоторепортерка и еден новинар го документираат нивниот живот.