Еден од познатите правни факултети во Индија, на Националниот универзитет во Калкута, наскоро ќе воведе предмет базиран на фиктивниот свет на Хари Потер. Него ќе го води професорот Шувик Кумар Гуха кој го промовира како експеримент кој треба да го поттикне креативното мислење.
Курсот насловен „Преклопувања помеѓу фантастичната фиктивна литература и правото: посебен фокус на светот на Потер“ се очекува да покрие 45 часа настава со дискусии. Тие ќе се однесуваат на примената на правото со паралели помеѓу настани во книгите во серијата на Роулинг и реални животни ситуации. Така, една од темите е како општествените и класните права во Индија можат да се споредат со „поробувањето на куќните џуџиња и маргинализацијата на врколаците“. Други теми се правните традиции и институции и бирократијата на министерството за магија; Квидич и спортско право на Хогвартс и Непростливи клетви; невиноста на Сириус Блек и судењето на Том Ридл итн.
Проф. Гуха вели дека 40-те места за курсот кој треба да почне во декември се веќе пополнети, но дека тој е под голем притисок за зголемување на бројот на студенти кои можа да го одберат. Тој се одлучил за ликот и делото на Потер заради неговата огромна популарност во Индија.
Прв универзитет кој понуди поврзан со Хари Потер беше британскиот Дархам, со серија курсеви кои ги истражуваа предрасудите и граѓанскиот концепт.