Гурав Муки е последниот играч кој се направи мутав и пред индиската и пред светската фудбалска јавност околу сопствената возраст.
Држи брк како Гоце Делчев, а излажа дека е помлад од реалноста, не за една, две или пет години, туку 12.
Напаѓачот на Џамшедпур го израмни резултат на 2:2 против Бенгалуру и стана најмлад стрелец во историјата на индискиот фудбал, ама на божемски.
When his team needed him the most, Gourav Mukhi came off the bench on his debut to draw @JamshedpurFC level👏👏👏#BENJAM #LetsFootball #FanBannaPadega pic.twitter.com/TvmfEIZLAc
— Indian Super League (@IndSuperLeague) October 8, 2018
Фудбалската федерација на Индија ја истражи оваа сомнителна фацка која повеќе личи да има +12, а не -12 години и ја откри измамата.
Муки имал 28, а не 16 години, така што отпаѓа и неговиот рекорд, но и неговите настапи за фудбал барем во следните 6 месеци. Тоа е висината на суспензијата за која се решија фудбалски власти во Индија.
Впрочем му најдоа и едно интервју и тоа од септември оваа година во која самиот вели дека има 28 години.
Федерацијата еднаш го има казнето Џамшедпур кој во 2015-та година на еден турнир за играчи до 15 години имал четворица фудбалери со лажен идентитет.
Ваквите фарса стории секогаш ќе не потсеќаат на приказната за Бразилецот кој успеа да ја измами Серија А.
Се прослави под името Ериберто како играч на Киево во убавите времиња на оваа екипа под водство на Луиџи Дел Нери, а потоа открија дека е четири години постар, а вистинското име му е Лучано.