Таг: индија

Роди ме мајко административец, па фрли ме на буниште

Индиските власти објавија оглас за 368 вработувања на најниските работни места (потрчковци) во државната администрација. Откако заврши рокот за пријавување, имаат 2,3 милиони резимеа за прегледување.

Проблемот со таргети во здравството

Британскиот медицински журнал неделава објави извештај во кој ги обвинува докторите од приватното здравство дека често пати на своите пациенти им препишуваат непотребни тестови, третмани и операции со цел да ги остварат зацртаните квоти.

Мојата ДНК е подобра од твојата ДНК

Населението на Бихар, држава во источна Индија која е трета по бројност на населението, собира примероци од сопствената ДНК за да му ја прати на индискиот премиер Нитиш Кумар. Причина: една негова за нив скандалозна изјава.

Чудниот збор „фала"

Иако звучи како нешто што е универзално убаво да се чуе, „благодарам" во различни култури се употребува и се толкува различно. Еве една споредба помеѓу САД и Индија - Македонија е веројатно нешто помеѓу.

Индија на екстерно

Над 600 матуранти во Индија беа избркани од училиште затоа што нивното семејство, роднини и пријатели, им висеа на прозори додека овие полагаа матура. Како тоа им висеа на прозори? Вака.

Селото кое само што го доби својот прв фрижидер

Три четвртини од светските домови имаат фрижидер. Од пред некој ден бројката е три четвртини и еден кројач од Индија (кој нормално има мобилен многу пред да има фрижидер), кој е прв во своето село.

Да не сакаше на голман да му ја вратиш?

Индискиот фудбал сезонава почнаа да го оправаат Трезеге, Деј Пјеро, Пирес и компанија, но нека се позанимаваат повеќе со Балјит Сахни од Атлетико Колката на кој му е неопходна помош.

Првиот погодок на Трезегол во Индија

Французинот успешно ја почна мисијата за поквалитетен фудбал во Индија, откако неговиот Пуне Сити ФК победи 2:0. Дел Пиеро, Капдевиља, Пирес и Љунберг веќе одиграа три кола во индијското првенство и се уште немаат дадено гол.

Индиско Супер селфи

Новоформираната Индиска Супер лига стартуваше викендов, а за промоција се погрижија Трезеге, Пирес, Дел Пјеро, Љунберг, Силвестре, Џејмс, Луис Гарсија и Капдевиља кои играат во 8 различни екипи, колку што има во лигата.

Упалапу Шринивас - заминувањето на индијскиот музички гениј

„Еди Ван Хален, да си јадеш ушите", наводно изјавил Џорџ Харисон кога налетал на еден од албумите на Шринивас. Музичкиот гениј и виртуозот на индијска мандолина, кој соработуваше со Меклафин и Мајкл Најман, почина на 45 години.

Дерби дуели за кои малку се знае

Покрај Ел Класико, Ривер - Бока, Селтик - Глазгов, Фенербахче - Галатасарај и многу други дерби натпревари, во останатиот дел од светот има и ред други пеколни фудбалски средби кои со нетрпение се чекаат во текот на целата година.

И Дел Пиеро ќе мантра во Индија

Најомилениот фудбалер на навивачите на Јувентус, не ја прифати понудата на унгарскиот Хонвед, но ја прифати онаа на Делхи Динамос од Индија.

Славни ветерани ќе го популаризираат фудбалот во Индија

По Пирес, Љунберг, Луис Гарсија и Капдевиља, сега и Давид Трезеге ќе му се придружи на елитното друштво во индиското фудбалско првенство. Револуционерните промени кои ги ветија Индијците почнаа да ги остваруваат, а целта на стартот е да донесат славни имиња и да ги наполнат стадионите.

Употребата на санскрит како политички чин

Најмалку дваесетина новоизбрани членови на индијскиот Парламент ги положија своите заклетви на санскрит. Зошто е тоа интересно? Затоа што никој од нив реално не го употребува јазикот во секојдневниот живот. Нешто како во вицот: „Зборува есперанто како да е таму роден".

Мажи што треба да пробаат молчење

Неколку дена откако 12 и 14 годишно девојче (инаку братучетки) беа силувани па обесени на дрво, се огласи министерот за внатрешни на индиската сојузна држава Мадја Прадеш, според коj силувањето е криминал, ама "понекогаш тоа е во ред, а понекогаш не е."

ИБМ "масакр" во Индија

ИБМ веќе неколку квартали ги завршува под очекувањето на Вол Стрит. По ова следува "рационализирање на трошоците" на компанијата што во основа значи отпуштање на дел од 434.000 работници. Прво почнаа со Индија, каде што имаат околу 100.000 работници.

Мито во безвредни пари

Пари кои само личат на нешто што би требало да вреди, а чија номинална вредност е нула, е изненадувачки успешниот метод за намалување на корупцијата во Индија.

Што е со Индијците и златото

Годишно Индијците купуваат околу 1.000 тони злато, што е еднакво на целото злато кое во моментов го има во сефовите на швајцарските банки.

Индиски фудбал со пензионирани ѕвезди

Земјата во која нема професионална фудбалска лига ниту две полни децении, се подготвува за револуција во најпопуларниот спорт со многу познати фудбалски легенди како Фреди Љунберг, Двајт Јорк, Хернан Креспо и Роберт Пирес.

Тоалет се од корен корнеше

Индиската влада им порача на семејствата кои имаат ќерки и синови за венчавка да не планираат свадба додека на младите не им обезбедат тоалет.

Во Индија не јадат кучиња

Може Скопје има џукели (не луѓе, кучиња), ама Индија е буквално под инвазија од кучињата скитници чиј број се движи помеѓу десетици милиони и премногу.