И Дел Пиеро ќе мантра во Индија

Најомилениот фудбалер на навивачите на Јувентус, не ја прифати понудата на унгарскиот Хонвед, но ја прифати онаа на Делхи Динамос од Индија.

По Дејвид Џејмс, Луис Гарсија, Јоан Капдевиља и Давид Трезеге, сега и Алесандро Дел Пиеро се одлучи да игра фудбал во Индиската супер лига (ИСЛ).
 
Откако екипата на легендарниот Ференц Пушкаш му ја нудеше десетката во Хонвед а Дел Пиеро ја одби, некогашниот капитен на „Старата Дама“ реши од октомври до декември да игра за Делхи Динамос во Индија.
 

Како пренесува дневниот весник Тајмс од Индија, на „Пинтуричио“ му се допаднала идејата да работи во популаризација на фудбалот во оваа многу населена земја, па по искуството во Австралија, Дел Пиеро во фубдалската биографија ќе може да пишува и за Индија.

 „Работиме на тоа да го разбудиме заспаниот лав во нашата земја. Фудбалот овде никогаш не бил популарен како што е денес. Се надеваме дека ова е само почеток на еден голем проект кој би требал да заврши со организација на еден голем фудбалски настан“, изјавил Мукеш Амбани, претседател на фудбалскиот сојуз на Индија.
 
За разлика од останатите првенства ширум светот, фудбалскиот шампионат во Индија започнува на 12. октомври и трае се до 20. декември. Лигата ја сочинуваат 8 екипи, меѓу кои и онаа на Пуне ФК, тим за кој ќе игра Давид Трезеге, некогашниот соиграч на Алекс од Јувентус.
 
Натпреварите во оваа необична лига ќе се играат во градовите во Гоа државата, во која спаѓаат Делхи, Гувахати, Кочи, Колката, Мумбаи, Пуне и Ченаи.
28 август 2014 - 13:59