"Седум години морав да го носам товарот на непотребни тестови и процедури, вклучувајќи и ангиопластика, под притисок од менаџментот на болницата. Докторите кои се соочуваат со притисок од менаџментот за да препишат непотребни операции или испитувања се плашат за своите животни приходи. Тие исто така треба да минат и неколку годишна пракса, и ако се пожалат тие си ја ризикуваат кариерата," изјавил за студијата кардиолог од Калкута, Гаутам Мистри.
Човекот работи како консултант во болницата, без извршување на операции и слични процедури, со цел зголемување на профитот на болницата.
Во извештајот "Гласови со совест од медицинската професија," гинекологот Арун Гадре, разговара со 78 доктори. Неговиот заклучок е "корпоративните болници не се задоволни освен ако со секој кревет во болницата не е поврзана некаква процедура или операција."
Ваквата ситуација ја користат компаниите кои нудат второ мислење за медицинските дијагнози, што е една од најбрзо растечките гранки во индиското здравство. Според еден извештај во кој биле анкетирани 12.500 пациенти, во 44% од случаите второто мислење околу операциите понудило спротивен совет.