Фудбалската федерација на Индија со помош на компанијата „IMG-Reliance" која го финансира и индискиот кошаркарски шампионат, планираат да го оживеат фудбалот во оваа земја кој е запустен со години.
Најмоќната компанија во Индија која има потпишано 30 годишен договор со домашната кошарка, веќе ја направи стратегијата за формирање нова индиска Супер лига која би стартувала идната година со многу познати фудбалски имиња.
За сега своето присутво веќе го потврдија неодамна пензионираните ѕвезди Јорк, Саха, Љунберг, Пирес и Креспо, а се споменува и името на Тиери Анри кој настапува во САД за тимот на Њујорк Ред Булс.
„Индија е гладна за фудбал, а нашата цел е новата лига да донесе многу возбудувања со помош на ѕвездите од европскиот фудбал кој би придонеле со нивната појава и искуство, вели Удаи Шанкар од ТВ Стар Индија која ги има правата за емитување на натпреварите.
Моќните бизнисмени веќе се поканети да вложат или да купат дури девет фудбалски клубови кои се кандидати за нови осум места за наредната Супер лига, но постоечките клубови сметаат дека со воведување на нова лига, актуелнато првенство брзо ќе згасне.
На ниво на домашно професионално првенсто, фудбал во Индија се игра од 1996 кога била оформена Националната индиска лига која згаснала во 2007. Потоа била оформена нова Индиска лига со Прва дизивија во која има 14 клубови, а по една година и Втора дивизија во која учествуваат 21 клуб.