Таг: германија

Кој со кого, кога и каде во осминафиналето

Конечно може да ги исклучиме дигитроните. Познати се сите осминафиналисти и сите кои ги пакуваат куферите на пат кон дома.

Минимални победи на Германија и Полска за осминафинале

Сп 70% посед на топка и 25:2 во шутеви во рамки на гол, Светскиот првак целосно доминираше на мечот против Северна Ирска кој го доби само 1:0. Со идентичен резултат заврши и средбата меѓу Украина и Полска.

Како Левандовски ги надиграл Германците во Втората Светска Војна

Концентрациониот логор ''Gross Rosen'', кои Германците го изградиле за време на II Светска Војна е место каде страдал голем дел од полскиот народ. Затворениците од полско потекло таму првпат ги победиле Германците 1:0 со голот на чуварот на логорот, Здислав Левандовски.

Германија и Полска за првата нула без голови на Европското

Германија и Полска одиграа 0:0 во второто коло од групата Ц и освоија по бод кои веројатно ќе значи осминафинале и за двете репрезентации.

Другата страна од медалот на Јоаким Лев

Светската јавност со право се згрози од однесувањето на Јоаким Лев, актуелниот светски шампион со Германија и селектор на оваа репрезентација со која уште вечерва може да се пласира во осминафиналето на ЕП 2016.

Светскиот првак ја преслуша Украина

Со головите на Мустафи и Швајнштајгер, селекцијата на Германија славеше против Украина во вториот меч од групата Ц, каде денеска и Полска стигна до бодови. Украинците пружија отпор, но немаа гориво за повеќе.

Анкара до Берлин: Ти најде да ми збориш

Вие горевте Евреи во печки а ја обвинувате Турција за геноцид, беше реакцијата на турскиот министер за правда откако долниот дом на Бундестагот одлучи да го прогласи масакрот на Ерменците за геноцид.

Очајната сегашност на терористите од Бадер-Мајнхоф

Пред официјално да се распуштат во 1998, групата имаше убиено околу 30 германски капиталисти и американски воени функционери во Германија. По речиси 20 години, кој во затвор, кој скриен, неколку членови на групата почнаа да ограбуваат супермаркети.

Германија е многу, многу уморна

Сите проблеми на Европа - приливот на сириски бегалци, евро кризата, воинственоста на Владимир Путин, анемичниот раст на евро зоната, се поголемата склоност на Источна Европа кон национализам, Брегзит - продолжуваат да завршуваат во скутот на Ангела Меркел.

Повторно будење на германскиот Бундесвер

По цели 25 години од завршувањето на Студената војна, германската армија ќе ги проширува своите вооружени сили. Бегалците, Сирија, Украина... си повлеквит.

Пет големи финалиња кои ги загуби Јирген Клоп

Тажната серија на загубени финални средби на харизматичниот Клоп синоќа доби нова епизода. Германецот во досегашната тренерска кариера играше пет финалиња во различни натпреварувања, но ниеднаш не го крена пехарот. Да почнеме со ред.

Основи на сексот, за мигранти

Со карактеристично Дата ниво на социјална интелигенција, германската влада ја пушти веб страната со технички упатства за дојденците од Блискиот исток за тоа што е дозволено, а што не во сексот во германската култура.

15.000 навивачи за Дортмунд У19

На полуфиналниот меч од плејофот во германската лига за играчи до 19 години, младинците на Дортмунд и Минхен 1860 ги гледаа дури 15.117 луѓе.

Германија во неделата им плаќаше на луѓе да користат струја

На вонредно сончевиот и ветровит ден, 8-ми мај, Германија постигнува нов рекорд во производството обновлива електрична енергија, заради што таа добива негативна цена која подразбира дека на потрошувачите им се плаќаа пари додека трошеа струја.

Радо иде Германец во војници

Според документ обелоденет од Фајненшел Тајмс, Германија планира да избутка иницијатива за формирање "Европска армија" со единствен генералштаб и заеднички воени ресурси. Јасно ви е кој ќе биде главен.

Како се завршува кариерата на чесниот војник Миро

Германскиот ветеран и натаму е од корист во Лацио, но на неговиот славен пат се наѕира крајот. По што ќе го паметиме човекот кој е најдобар стрелец во историјата на Светските првенства и германската репрезентација?

Колку е добро да си германски буџет

Македонија за 2016-та има буџет (на големо фален / оспоруван) од 3,2 милијарди евра. Германија за 2015-та направи вишок во буџетот од 29,5 милијарди евра.

300.000 евра за Германците ако станат Европски прваци

Германската фудбалска федерација ги објави премиите за репрезентативците кои ќе играат на Европското првенство во Франција.

Бундеслигашот кој собра 1 милион евра за 9 минути и 23 секунди

Додека Лестер распаметува во Англија, во Германија историја пишува берлинска Херта. Германците се збогатија за плус милион евра во рок од девет минути во сезоната во која бркаат евро-купови.

Иднината на најсилните осум фудбалски репрезентации

Паузата во клупскиот фудбал за време на која гледаме репрезентативен е можност да видиме со каква младина располагаат водечките селекции во светот или поточно кои се играчите од кои се очекува да го понесат најголемиот товар.

Кога животот не те остава да бидеш неонацист на раат

Стефан Јагш е германски политичар со сериозна наклонетост кон омраза мигранти, странци, не-белци, бегалци и сето она што составува здрав неонацистички карактер. Јагш, со сите свои натчовечки квалитети, прави сообраќајка. Животот му го спасуваат група сириски бегалци.

Не залудно е најдобар германски голман

Едноставноста со која Ноер брани на тренинзите и натпреварите го прави еден од најуспешните германски голмани на сите времиња. Селекторот на Панцирите Јоаким Лев ќе го има најсигурниот голман на предстојното ЕП 2016-та.

You''ll never walk alone во Дортмунд за починат навивач

За време на мечот меѓу Борусија Дортмунд и Мајнц (2:0), двајца од гледачите имале срцев напад, при што едниот (80 годишен) починал во возилото за Брза помош, а другиот бил задржан во болница. На крајот од натпреварот емотивни сцени на играчите со навивачите на стадионот, а солидарност покажа и гостинската публика која престана со навивање. Јапонецот Шинџи Кагава не го прослави вториот гол со кој Дортмунд ги освои трите бода.