Во логорот ''Gross Rosen'' фудбалските средби биле од најважен карактер уште од пролетта 1943. година, кога на нив играл и Валтер Ернштбергер. Спортските мечеви ги организирале управниците на логорот, за утеха на Есесовците кои сакале некаква разонода во време на војна.
„Реализацијата на спортските игри не беше лесна, затоа што секој од нас беше многу исцрпен и без сила. Помош ни пружаа колегите кои беа на некаква функција во логорот. Помош стигаше еднаш месечно во вид на конзервирана храна, се сеќава затвореникот Јези Ковалевски. Головите (стативите) се преместуваа од едно на друго место, натпреварувачите мораа да играат на песок. Средбите обично се одржуваа секоја недела попладне. Немаше трибини".
АКО ЗАГУБИМЕ ОД ГЕРМАНЦИТЕ - ЌЕ ОСТАНЕМЕ ЖИВИ
Логорските кројачи кришум шиеле дресови, а чевларите доцна во ноќта правеле чевли за играње. Логорот имал стриктни правила. Полските играчи биле затвореници, осудени на смрт, додека Германците се чуствувале како господари на животот и смртта. Полјаците немале можност да тренираат, ниту да вежбаат.
„Работеа како робови по неколку часа дневно. Воопшто не им беше дојдено до спортски амбиции. Во прв план избија политичките и метафизички аспеките. Сите, без исклучок, јасно ни ставија до знаење - ако загубиме од Германците, ќе преживееме во логорот. Ако победиме, тогаш само Господ Бог може да ни помогне. Менталната и физичката сила на Германците беше немерлива во однос на нашата. Ние бевме сталожени и добри техничари", се сеќава Чеслав Скорацињски, учесник на мечот, предвоен фудбалер на Погон од Лавов".
Во составот на полскиот тим се нашле: Казимир Бургацки, Маријан Гадај, Хибнер Ришард, Казимир Јуровиќ, Владислав Кидацки, Јези Колозек, Здислав Левандовски, Рисард Марус.
„Тоа беа такви емоции кои не можат да се опишат. Мечот се играше час страствено, час спортски, што дури и публиката го почуствува. „Публиката" беше во транс. Дури и Муслиманите се откажуваа од своите оброци. Навивањето во еден момент громогласно се слушаше", сведочи Тадеуш Силвињски.
ПОЧНАА СИЛНО ДА УДИРААТ СО ТАЛПИ
Мечот против Германците бил полн со жртви и со многу повредени играчи.
„Се сеќавам на моментот кога еден наш играч на сред напад беше опколен и блокиран од германските одбранбени играчи. После мечот бевме цели одрани и затоа имаше многу кои бараа адекватна лекараска помош.", по тој момент го памети мечот Хенрик Кобалински.
Полјаците на крајот победиле со 1:0, а победата ја платиле со многу крв, тепање и измачување.
„После мечот бевме на туширање заедно со некој од Германците. Набрзо се враќавме на работа. Вечерниот одмор беше брутално прекинат од страна на организиран напад на СС-овците во логорот. Почнаа со тврди палки да ги тепаат затворениците кои немаа каде да бегаат. Буквално маваа без да трепнат. Беше тоа нивна одмазда за поразот и тоа не го криеа, туку гласно викаа", додава Чеслав Скорацински.
ИЗЛОЖБА ЗА ПОЛСКИТЕ ИГРАЧИ
Гразина Хоптјани е една од авторките на изложбата „Хероите во пругасти одела", посветени на спортот помеѓу бодликавите жици во логорот, која може да се види во музејот Грос-Росен.
„Во концентрациониот логор Грос-Росен се играле фудбалски натпревари меѓу разни групи затвореници. И секако, на еден од тие мечеви победничкиот гол го дал играч кој се презивал Левандовски. А противници им биле Германците. Сето тоа се одиграло во атмосфера на секојдневен терор и исцрпувачки работи на каменоломот. Се случувало дури да им даваат и солена вода", раскажува за порталот tvp.info, кустосот на музејот Грос-Росен во Рогозњица.
Музејот е многу посетуван. И не само од вљубениците во спортот, туку и од луѓе кои сакаат да им оддадат чест на оние кои го сочувале достоинството и честа.
„Не можеме да го споредуваме мечот Полска - Германија на ЕП 2016 со мечевите кои се играле во концентрациониот логор Грос-Росен за време на Втората Светска Војна. Сега тоа е фудбалски спектакл и забава и нешто сосема нормално. Никој никому не се заканува. Тоа е забава и игра на слободни луѓе", подвлекува кустосот на музејот.
Логорот Грос-Росен е отворен во август 1940. година како огранок на концентрациониот логор Захзенхаузен, чии затвореници биле одредени за работа во локалниот каменолом за гранит. Првиот транспорт се случил на 2. август 1941. година. На први мај 1941. година Арбајтслагер Грос-Росен добил статус на самостоен концентрационен логор. Првите две години Грос-Кросен бил мал логор кој му служел на локалниот каменолом.
Дванаесет часовна убиствена работа во каменоломот, слаби оброци, недостиг од основна лекарска грижа, непрестано малтретирање и тероризирање на затворениците од страна на лидерите на Есесовците предизвикале голем број смртни случаеви, а Грос-Росен станал еден од најозлогласените логори. Се проценува дека бројот на жртви во логорот бил преку 40.000.