Иднината на најсилните осум фудбалски репрезентации

Паузата во клупскиот фудбал за време на која гледаме репрезентативен е можност да видиме со каква младина располагаат водечките селекции во светот или поточно кои се играчите од кои се очекува да го понесат најголемиот товар.

Времето на Франк Рибери и Карим Бензема во репрезентацијата полека истекува, па Французите погледот го вртат кај нивните наследници па решија да ги состават најсилните репрезентации со играчи до 25 години. Анализата ја прави реномираниот L'Equipe.

ГЕРМАНИЈА

Светскиот шампион има неверојатни таленти во својата младина за која напорно работеше за да ја произведе. Меѓу овие 11 играчи го нема 20 годишниот Џилијан Вигл од Борусија Дортмунд кој сезонава е феноменален, како и Џошуа Кимич од Баерн Минхен.

АНГЛИЈА

Во таборот на Рој Хоџсон се очекуваат светли денови. Англија има талентирани деца на ниво, а можеби и подобри од генерацијата предводена од Џерард, Сколс и Лампард која не освои ништо на репрезентативен план. Хари Кејн гази за Тотенхем, а во средина тука се одличните Деле Али и Рос Баркли. Во тимот ги нема тинејџерот Маркус Рашфорд и Џеси Лингард кои играат за Манчестер Јунајтед.

АРГЕНТИНА

Ќе најде ли Аргентина замена во нападот за Меси, Агуеро и Игуаин откако ќе се повлечат од репрезентација? Работите многу ќе зависат од Паоло Дибала.

БЕЛГИЈА

Селекцијата на Белгија со играчи до 25 години има три клучни играчи во сегашниот тим. Тоа се Тибо Куртоа, Кевин Де Брујн и Ромелу Лукаку.

БРАЗИЛ

Оваа генерација на играчи со овие напаѓачи со селекторот Дунга или некој друг негов наследник може да ја врати славата на Бразил.  Во овој состав фали високо оценетиот член на Барселона, Рафиња.

ШПАНИЈА

Производството на Шпанија не покажува знаци на губење квалитет. На оваа листа заслужува да се најде и Давид Де Хеа кој има 25 години, а не е вклучен ниту 21 годишниот Хектор Белерин.

ФРАНЦИЈА

Французите имаа одлична иднина и доволно е да се види дека во состав ги имаат Варане, Погба и Гризман. Ако Курт Зума може да се опорави од проблемите со повредите, тогаш Франција ќе има одлична централна одбрана.

ИТАЛИЈА

Слично како Аргентина и селекцијата на Италија треба да се загрижи за нападот каде немаат играчи од рангот на Дел Пјеро, Тоти и Тони.