15.000 навивачи за Дортмунд У19

На полуфиналниот меч од плејофот во германската лига за играчи до 19 години, младинците на Дортмунд и Минхен 1860 ги гледаа дури 15.117 луѓе.

Во германската лига до 19 години се игра регуларен дел од сезоната, а на крајот четирите први екипи го одлучуваат шампионот преку плејофот. Првиот полуфинален дуел меѓу Дортмунд и Минхен 1860 се играше на Сигнал Идуна Парк.

На мечот дошле и многу првотимци на Дортмунд, меѓу нив и Марко Ројс.

Тренер на Борусија Дортмунд до 19 години е Ханес Вулф, а главна ѕвезда на тимот е 17-годишниот вундеркид Кристијан Пулишиќ кого во САД го нарекуваат најталентираниот играч во историјата на репрезентацијата на оваа земја.

Пулишиќ има хрватски корени, но реши да игра за САД. Веќе има неколку настапи и за првиот тим на Дортмунд.

Борусија поведе од пенал преку центарфорот Џенис Бурниќ.

По водството, Борусија се повлекла а гостите тоа го искористиле и направиле пресврт за победа од 1-2 со неверојатен гол од 45 метри. При прославата на голот гостинскиот фудбалер ги провоцираше домашните навивачи и доби втор жолт картон, автоматски црвен. Реваншот се игра во Минхен во понеделник.

Најинтересните моменти од мечот:

 

Во второто полуфинале тимот на Хофенхајм до 19 години го победи Вердер 3:1.