Таг: германија

Како стигнаа до финале

Шпанија и Германија се сретнаа во првото коло на ЕП и во борбен и ефикасен натпревар со 12 исклучувања Шпанците триумфираа со три голови разлика. Тоа беше единствениот пораз на Германците на ова првенство, додека Шпанците загубија само од Данска. Денешното финале го играат во 17:30. Црвената фурија има три финалиња, но ниту едно злато, a Панцирите беа Европски прваци во Словенија 2004-та.

За вака во Ирак ќе останевме

По претрпувањето на целото она патешествие во кое го препешачуваат пола континент, ирачките бегалци стигнати во Германија не можат да ги трпат условите во тамошните бегалски кампови. Поплаката им е придружена од една прилично празна закана - попрво ќе се вратиме дома отколку тука да седиме.

Како од фудбалери да направиш мајмуни?

На 4. април 2009 година, Волфсбург со 5-1 го згроми Баерн Минхен, а напаѓачот од Бразил Графите си поигра со гостите пред да го постигне петтиот гол.

Автоматот што заменува непотребни подароци за книги

Целата таа приказна дека не е важно што сте добиле за подарок, туку дека е важно вниманието паѓа во вода кога по дома ќе почнат да ви се трупаат предмети кои ви е шубе да ги фрлите, ама и не ви требаат. Германците имаат решение.

Добрата божиќна традиција на Унион Берлин

Во германскиот клуб Унион Берлин има прекрасна традиција: Пред Божиќ навивачите се собираат на стадионот каде заедно со градскиот хор ја пеат химната на клубот и не само тоа.

Наградниот фонд за ЕП 2016 е 27 милиони евра

Секоја селекција која се пласираше на Европското ќе добие по 8 милиони евра, а наградниот фонд за турнирот во Франција е далеку поголем од сите претходни.

Лудоста на голманот на Аугзбург

Марвин Хитц, голманот на Аугзбург го направи најлудиот потег сезонава во фудбалска Европа. Подоцна се извини, а некои уште не можат да поверуваат како можел да смисли такво нешто. За парадоксот да биде поголем, неговиот тим шест минути подоцна даде гол и славеше 0-1 против Келн.

Трагедијата на Ласана Диара во Париз

Стандардниот француски репрезентативец, Ласана Диара останал без член од семејството во парискиот масакр во петокот, додека сестрата на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид избегала од клубот каде загинаа 89 лица.

Германците преноќиле на Сен Дени

Менаџерот на актуелниот светски првак Германија, Оливер Бироф изјави дека сите фудбалери и стручниот штаб останале цела ноќ во соблекувалните на стадионот, по пријателската со Франција која се одигра во исто време со терористичкиот напад во Париз.

Бомба се слушна на мечот Франција - Германија

Додека Франција и Германија играа пријателска средба во Париз, веднаш до стадионот имало престрелки. Во еден момент од мечот се слуша експлозија, но делува како некоја петарда меѓу публиката. Пред мечот Германците беа евакуирани поради дојава за бомба во хотелот. Претседателот на Франција, Франсоа Олан бил евакуиран за време на натпреварот.

Предизвик за македонската фаланга

29 илјади навивачи на Динамо Дрезден направија нов рекорд во Европа, откако денес развиорија знаме по целиот стадион во ширина од 450 метри. Нивните миленици им вратија со триумф од 3-2 попладнево против Магдебург.

Тргни го пивото, не ми дава религијата

Шкодран Мустафи има гостиварско потекло и игра за германската фудбалска репрезентација со која го освои златото на Мундијалот лани. Во моментов е член на Валенсија, екипа чијшто спонзор е пиварата Естрела. На денешниот прес, Мустафи го отстрани шишето со пиво од масата, затоа што како што вели тој Исламот не дозволува никаква врска со алкохолот.

Голот на Ирците од навивачки агол и со германски коментатор

Северна Ирска избори прво учество на Европските првенства, a блиску до трет пласман е и Република Ирска која синоќа со голот на Шон Лонг го изненади Светскиот првак Германија. По победата против Холандија во 2001 година, Ирците немаа победа против екипа од врвот на ранг листата на ФИФА:

Кога маскотата ќе се степа со своите навивачи

При прославата на вториот гол на Ердинген, еден навивач му ја извадил главата на слончето маскота, по што човекот што ја носел го нападнал.

10 години Ангела Меркел

На 18-ти септември 2005-та, ЦДУ на Меркел со сосема мала разлика ја порази СПД на тогашниот канцелар Герхард Шредер. Победата беше извојувана со плус 1 процент од гласовите, кои на Меркел и донесоа 4 седишта повеќе во парламентот.

Обемот на бегалскиот проект на Германија

Во јануари Германците предвидуваа дека годинава во земјата ќе пристигнат 300.000 бегалци. Во август годинава министерот за внатрешни, по репрограмирање на бројката, соопшти дека очекувањата се 800.000 луѓе.

Фото на денот

Кајзер Франц Бекенбауер денес полни 70 години. Во фудбалот ќе остане запаметен како единствен кој го освоил Светското првенство како играч и како селектор.

Втор пораз за Русија, Германија загуби во финишот

Еден од домаќините на ЕП, Германија загуби од Србија во последните моменти од мечот. Русија запиша и втор пораз и е пред заминување дома.

Германецот кој имаше топовски удар со глава

Некогашниот напаѓач на Удинезе и Милан, Германецот Оливер Бироф е стрелец на првиот златен гол на едно меѓународно натпреварување.

Фото на денот

Од 1984 до 1989 година пред да отиде во Интер, Јирген Клинсман со голем успех го носеше дресот на Штутгарт. За тоа колку го сакаше топката зборува семафорот од дуелот Фортнуа 95 - Штутгарт.

Колку ќари Германија од грчката криза?

По нивни домашни пресметки грчката должничка криза на германската влада и има заштедено околу 100 милијарди евра преку пониските трошоци за позајмување пари бидејќи во овој период пазарот ја наоѓа својата безбедност во германските обврзници.

Наташа Андонова - врвна фудбалска амбасадорка

Во ситуација кога не го знаеме патот од штикли во копачки, за општата состојба во женскиот фудбал зборувавме со најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова. Ни раскажа за Бразилката Марта, за прославата на титулите во Германија, за митот на Западот, за домашниот фудбал...

Враќањето на грдиот Германец

За време на целовечерните преговори околу Грција на 12-ти и 13-ти јули, пукна нешто суштинско околу Европската Унија. Од тогаш, Европејците живеат во поинаков вид на ЕУ, пишува Јошка Фишер.

Не купувајте германско

По примерот на сите успешни акции за блокирање на душмански странски производи (Македонци против грчко, Срби против Фруктал и сл.), Грците одлучија дека е време да и нанесат лута рана на германската економија и да ги бојкотираат германските производи.