Конечно идеја за револуција во фудбалот. Феликс Магат е еден од најпознатите фудбалски тренери во светот. Со Баерн Минхен ја освои Бундеслигата два пати и во 2009. година направи чудо со Волфсбург кога стигна до титулата.
Како играч, Феликс Магат три пати го освојувал првенството со Хамбургер, тим со кој стигнал и до пехарот во Купот на шампиони во 1983. година против Јувентус кога токму Магат го дал решавачлиот гол. Поради сето ова, кога зборува тој во Германија сите слушаат внимателно.
Преку неговата рубрика во баварскиот весник Тз, Магат дава нов предлог со кој Бундеслигата ќе стане поинтересна за гледање.
„Да забраниме резултат 0:0. На кој начин? Така што ако средбите завршат така, екипите нема да добијат бод.
Во последно време, не е само Серија А првенството 0:0 како што го викаа на времето. Во Германија сезонава дури 16 средби завршиле без голови, а ништо подобра не е ниту Франција.
„Ќе продолжиме да даваме бод за реми и три за победа, но верувам дека за доброто на фудбалот за 0:0 не треба да се делат бодови. Така екипите ќе треба да напаѓаат и нема да мора да се затвораат позади претерано дефанзивно. На тој начин ќе се добие спектакл“, вели Магат и додава дека е против плејофот во лигата, затоа што титулата освоена преку првенството е најисправна. Во плејофот многу повеќе би се почувствувале судиските грешки и најдобриот не би победил“.
Предлогот на Магат многумина го гледаат како провокација. Кога во 2009. година ја освои титулата со Волфсбург, Графите даде 28 гола, Џеко 26 и беа први стрелци. Никогаш во историјата на германскиот клупски фудбал немало ваков тандем.