Таг: фејсбук

Закерберг има луѓе за дување под мишки кога е нервозен

Пред јавни настапи, како сведочење пред Конгресот, блиските соработници му дуваат под пазуви на Закерберг за да не му се познаваат кругови од пот, е извадокот од се уште не објавената ретко детална книга за Фејсбук за кој сите се фатија.

Како Фејсбук те следи кога не си на Фејсбук, и како да го прекинеш тоа

Една од новите опции што Фејсбук ги пушти во оптек е „Off-Facebook activity“ алатката која освен вистинска примена во (какво-такво) раатисување од следењето, одлично врши работа за да те потсети дека цело време додека сурфаш на интернет имаш некој што ти дреме на рамо, гледа и запишува што правиш.

Критиката на Фејсбук е најдобриот скеч на Саша Барон Коен до сега

Во говор кој инстантно се рашири, Саша Барон Коен, по основа на анти-семитизам и слични зла пред некое време го обвини Фејсбук дека е „најголемата пропагандна машина во историјата“, порачувајќи „само замислете што Гебелс би можел да постигне со Фејсбук“. Тоа што Барон Коен изостави, е дека Фејсбук за некои е слобода.

Од сè што се бара од Фејсбук, Фејсбук реши да понуди ново лого

Намерата на новото лого е да донесе „чувство на оптимизам“ околу брендот што на светот му го донесе Кембриџ аналитика скандалот.

Отворено писмо од Аарон Соркин до Марк Закерберг

Фејсбук не ја брани слободата на говорот, туку ја напаѓа вистината.

Дали Закерберг ќе лежи затвор?

Нов американски закон во основа предвидува дека директори на технолошките џинови треба да бидат одговорни за постапките на својата компанија.

Кој ќе користи Фејсбук или Инстаграм ќе остане без пола плата

Мортада Мансур, претседателот на еден од најпознатите клубови во Египет и општо во тој дел од светот, Замалек, ги собрал сите играчи и тренери и им рекол дека тој што ќе има профил на социјалните мрежи Инстаграм, Фејсбук и слично, ќе му биде намалена платата за пола. И ќе бидете казнувани за секој нов пост на тие мрежи.

За разлика од обично, сега некој го шпионираше Марк Закерберг

Во јавноста протекоа околу 2 часа снимано аудио во кое Марк Закерберг, налик почетокот на секој филм за подемот на масовен глобален култ, ги регрутира своите вработени за идната борба против критичарите, конкурентите, американската влада и што и да е останато што ќе му застане на пат.

Фејсбук знае повеќе за тебе отколку ЦИА

На Фејсбук, Твитер и Јутјуб им е неопходно твоето внимание за да ги соберат твоите најинтимни податоци, кои потоа ќе ги продадат за што е можно повеќе реклами од што ќе да заработат што е можно повеќе пари. И тоа е кошмарно добро. Кошмарно за тебе, добро за нив.

Фејсбук како глобална платформа за борби со кучиња

Помошта што организаторите на вакви настани ја добиваат од Фејсбук не се однесува само на промоција на борбите, туку и на развивање на цела мрежа за безкрупулозна трговија со кученца.

Фејсбук треба да биде казнет 30 милијарди долари за да ја сфати пораката

Како што САД се подготвуваа да го казнат Фејсбук со 3 до 5 милијарди долари за нарушување на приватноста, така се рашири веста дека компанијата веќе има ставено на страна 3 до 5 милијарди долари наменети исклучиво за казната. Дел од размислувањата се дека уште една нула во казната многу ќе заврши работа, бидејќи сегашната сума ништо нема да смени.

Фејсбук плаќа 20 милиони долари годишно за лично обезбедување на Закерберг

Она што Фејсбук радо го кажува е дека Закерберг добива годишна плата од 1 долар. Она што Фејсбук го кажува затоа што со закон е обврзан да го направи тоа е дека плаќа 20 милиони долари за личното обезбедување на Закерберг.

Зошто основачите на Инстаграм си дадоа отказ во Фејсбук?

Вајард деновиве објавија репортажа од 12.000 зборови за изминатите година и пол во Фејсбук, за која е разговарано со 65 сегашни и поранешни вработени. Сосема споредно, од репортажата може да се направи и тајмлајн за заминувањето на луѓето кои го создадоа Инстаграм, Кевин Систром и Мајк Крајгер, од Фејсбук.

Политичари почнаа да бегаат од Фејсбук

Американска демократска конгресменка во знак на подигање свесност околу проблемите за менталното здравје од користењето социјални мрежи решава целосно да се откаже од користење Фејсбук.

Фејсбук е закана за економијата, здравјето и демократијата

Пред некое време Фејсбук потсети дека полни 15 години, а луѓето што го користат од почеток се потсетија дека за ова време минаа цела лепеза на чувства кон социјалната мрежа од првичната затресканост во нејзе до сегашната омраза и презир за нејзината штетност.

Човекот што продава камери за сечиј дом, изјави дека не сака да има камера во сечиј дом

Повторно кружејќи околу Фејсбук и приватноста на корисниците, Закерберг се напенали кога фати да објаснува дека постојаното пазење на корисниците на крај може да изгледа како Фејсбук да има камера во сечија дневна. Исто така, Фејсбук Портал за 199 долари.

Заблудата на Марк Закерберг за согласноста од корисниците

Според него корисниците сакаат реклами скроени за нив. Според корисниците, тоа не е точно.

Фејсбук ги спојува Инстаграм, Вотсап и Месинџер

Целта се платформите за приватни пораки на трите апликации, кои Фејсбук сака да ги обедини во една, за да не мора постојано да се префрлате меѓу апликации.

Му немаш киднато на Фејсбук ако уште користиш Инстаграм или Вотсап

Ако херојскиот подвиг за годинава ти е да се избришеш од Фејсбук (што секако е добар почеток), немој да мислиш дека се имаш раатисано од социјалната мрежа, бидејќи таа продолжува да се апдејтува за тебе преку Инстаграм и Вотсап.

Сè лошо што сте прочитале за Фејсбук е точно

Објавениот материјал има околу 250 страници, дел од кој обележан како „доверливо“, и меѓу другото содржи и интерни мејлови меѓу Закерберг и неговите вработени. Забелешката на Фејсбук е дека објавувањето било нефер и дека муабетите се извадени од контекст.

Политичарите сакаат да го понижат Фејсбук, ама не и да го регулираат

Луѓето задолжени за пишување на законите објаснуваат дека не постои природен притисок од гласачите за регулирање на Фејсбук, Амазон, Елп, Нетфликс, Гугл и слични, никој не им кенка за наметнување на повеќе правила и ограничување на истите.

На Закерберг почнаа да му се собираат

Четворица големи инвеститори во Фејсбук ги ставија своите потписи на заедничкиот акционерски предлог за менување на Марк Закерберг од водечката позиција на компанијата заради „лошо справување“ со скандалите.

Човекот кој остави 850 милиони долари

Во 2014 во едно крајно неочекувана зделка Фејсбук го купува Вотсап. Главно неочекувана не заради парите што ги даде, туку затоа што основачите на Вотсап редовно го рендаа и критикуваа Фејсбук и неговиот бизнис модел базиран на шпионирање на своите корисници и продавање на нивните информации.