Александрија Окасио-Кортез изјави дека ќе го гаси своето пристуство на Фејсбук и покрај тоа што социјалната мрежа беше клучна алатка во нејзината кампања во 2018. 29-годишната Конгресменка објаснува дека социјалните медиуми претставуваат закана за сите.
„Јас лично се откажав од Фејсбук, што е значајна работа за мене бидејќи кампањата ја почнав на Фејсбук. И Фејсбук долго време беше моја главна дигитална алатка за организирање. Се откажав од нејзе, иако профилите и понатаму стојат,“ изјавува Окасио-Кортез.
Како мотив за ова таа наведува дека иако изложеноста на екрани е посебно опасна за децата под 3 годишна возраст, и кај постарите се забележуваат негативни ефекти како бегање од реалноста и зависност. Конгресменката објаснува дека таа си поставила правила за користење на социјалните мрежи и временска граница колку го користи Твитер и Инстаграм.
„Од време на време ќе ме видиш како сум се закачила на Твитер за време на викендите, ама во најголем дел од времето... кога е во прашање консумацијата и читањето, за викендите сум исклучена,“ изјавува конгресменката.