Таг: еволуција

Турските училишта ќе престанат да предаваат еволуција

По зборовите на претседателот на турскиот борд за образование, темата е премногу спорна, контроверзна и комплицирана за учениците, заради што повеќе нема да биде дел од образованието во Турција.

Човекот настанал од свиња (и од мајмун)?

Ова е тврдењето на еден научник кој го оспорува Дарвин, и тоа не само за процедурата, туку и за расадот.

Не се плаши, не се бој, нема коски итн.

Кај мајмунот е колку прст, кај моржот знае да биде долга и 60 сантиметри. А човекот воопшто нема коска на пенисот. Видете, со моногамијата мажот изгуби многу, па и тоа.

Кога „неандерталци" не е само метафора за политички неосвестените

Политиката не е само идеологија, туку и биологија. Така барем мисли Рик Шенкман, автор на книгата „Политички животни: како нашите мозоци од камено доба стојат на патот на умната политика".

Како е можно да се негира еволуцијата?

Едно крајно поучно видео за логиката по која во кој било кафански/маалски муабет може ладнокрвно да се оспорува еволуцијата без притоа да имаш и грам релевантно научно познавање.

Како Чарлс Дарвин би им ја објаснил еволуцијата на деца

Еден од најголемите скриени таленти на малите деца е да те доведат до границите на твоето знаење во не повеќе од 5 прашања.

Еден бауч кружи над американските глави

Мислевте само ние ќе ќариме од еволуцијата? Мутрирани вошки, отпорни на сите познати средства против нив, сериозно се шират низ градовите на Америка. Веќе добија таблоидно податливо име "супер вошки" а почнаа да фрчат медиумски предупредувања од типот: "Кријте ги децата, кријте ги главите!". Чешањето може да започне.

Ех да беше стрела еволуцијава

Тешко дека ќе најдете нешто попросто од амебата, дури и на македонската јавна сцена. Па сепак, тоа глупо едноклеточно створче има 200 повеќе пати ДНК од Ајнштајн.

Зошто луѓето пијат алкохол?

Се почнува од старите, многу старите, 10 милиони години старите. Е, тие стари додека бараат што да јадат собираат се и сешто од земја, вклучително и скапани веќе ферментирани плодови. Понатаму навиката само еволуира.

Браво Папе игумене!

Зборувајќи пред Понтифската Академија за науки, Папата Францис ги призна еволуцијата и теоријата за Големиот тресок, притоа порачувајќи дека Господ не е магионичар со магично стапче.

Како звучеле нашите предци?

Еден наш господин (името познато на редакцијата), соочен со реалноста како луѓето во странство се разбираат на најразлични начини, му се има доверено на својот сопатник од Македонија: "Добро што Господ ни го даде македонскиов, иначе ќе лаевме како кучиња". Пред нас е аудио реконструкција на тоа како звучеле нашите предци кога на располагање имале само еден јазик. А не им се лаело. 

 

Како функционира еволуцијата

Објаснување на целиот механизам на еволуцијата и како од ништо се создадени милионите суштества што денес ги има на Земјата. Долго е (11+ минути) и постои опасност нешто да научите, па размислете пред да кликнете.

Еволуцијата на трансферите

Во 1905 година најскапиот фудбалер бил Алф Комон кој направил трансфер од 1000 фунти, по дури 70 години Јохан Кројф прави трансфер за неполни 1 милион фунти, а овие денови вистински хит е рекордот на Герет Бејл кој се продаде за 86 пати повеќе од холандската легенда.

Еволуција на глупоста

Ако еволуцијата е механизам кој ги сосекува неуспешните, како тогаш глупоста (како особина која баш и не придонесува за успешноста на еден вид) досега не само што не била елиминирана туку станува се повидлива?

Зошто дождот мириса убаво?

Нема тука мистерија, науката го знае одговорот половина век – мириса убаво затоа што мириса на – масло.

Кој тоа таму носи закони?

Не дека ние немаме вонсериски цепаници од законодавци, ама, ќе си рече човек, американски сенатор мора да е од друг калибар. Е па, не правете си Бајрам со умот.

Еволуциското значење на бабите

Должината на животниот век на човековиот род еволуирал во најголем дел заради тоа што бабите биле тука за да се грижат за помладите.

Данке Птичланд

Само благодарејќи на птиците, инсектите денес се нешто што можеш да затепаш со весник. Да не беа тие, гадовите ќе ни летаа околу глава со крилја од 60-70 сантиметри.

Американецот расте глава

За само 150 години, што во еволутивна смисла е безначајна временска отсечка, просечниот американски череп добил екстра зафатнина колку една тениска топка.