Таг: челси

Челси и Бенфика финалисти во Амстердам

Португалскиот претставник успеа да ја анулира предноста на Турците од првиот дуел и со 3:1 славеше во Лисабон за пласман во финале кое се игра на 15 мај. Со идентичен резултат заврши и средбата во Лондон, каде составот на Базел поведе прв и се обиде да го изненади актуелниот европски првак.

Челси е најблиску до финале

Минатогодишниот освојувач на Лигата на шампионите има значајна предност од првиот полуфинален дуел во Швајцарија со 2:1. На другиот меч турскиот претставник ќе се обиде да го одбрани минималното водство на гостувањето во Португалија.

Челси на чекор до финалето во Лига Европа

Минатогодишниот освојувач на Лигата на шампиони се враќа во Лондон со предност од првиот натпревар откако во полуфиналето славеше на гостувањето кај Базел со 1:2. Со минимална предност од 1:0 во Португалија ќе патува и Фенербахче.

Челси во одбрана на англиската чест

Актуелниот европски шампион го очекува тешко гостување против швајцарскиот првак кој нема пораз сезонава во Лигата на Европа. Жешко гостување ќе има и Бенфика против турски Фенербахче кој ќе брка историско финале.

Њукасл, Рубин и Лацио ќе бркаат негатива од два гола

Лигата на Европа вечерва ќе ги добие четирите екипи кои ќе ги оформат полуфиналените двојки. Со солидна преднот од првите дуели влегуваат три екипи, додека во Швајцарија се очекува да се одигра најинтересната и најнеизвесната битка по оние 2:2 во Лондон.

Европскиот шампион домаќин на Рубин, Лацио гостува во Турција

Иако Англија нема ниту еден претставник во ЛШ, дури 3 екипи од островот останаа во игра за освојувањето на пехарот во второто по ранг клупско европско натпреварување. Ова се најинтересните факти за четвртфиналните битки.

Огромни влогови на враќањето на Мурињо во Челси

Гласините дека Жозе Мурињо сигурно го напушта Реал Мадрид на крајот од сезоната, како и оние дека тој веќе има потпишано договор со Челси, ги мотивираа луѓето да вложат големи суми во кладилница на неговото враќање во Лондон.

Кладилница - Челси 2:0

Пишувавме за кампањата на Paddy Power со исмевањето на познати фудбалери кои се резерви во своите тимови на кои им предложија нова работа. Локалните власти наредија отстранување на билбордот за Фернандо Торес, но маркетинг секторот на кладилницата доби нова идеа.

Стеауа не издржа во Лондон, Тотенхем се изнамачи во Милано

Рубин Казан, Базел, Тотенхем, Бенфика, Челси, Фенербахче, Лацио и Њукасл се осумте екипи кои обезбедија пласман во четврфиналето од Лигата на европа. Најинтересно беше на „Џузепе Меаца“ каде Интер успеа да ја анулира предноста на Тотенхем, но загуби во продолженијата.

Стеауа во обид да го понижи Челси

Романскиот претставик Стеауа Букурешт каде настапува нашиот репрезентативец Даниел Георгиевски гостува на „Стемфорд Бриџ" со минимална предност од 1:0 од првиот дуел. Тотенхем е најблиску до четвртфиналето и во Милано патува со предност од 3:0.

Стеауа го шокираше европскиот шампион

Тимот на Стеауа Букурешт каде настапува нашиот репрезентативец Даниел Георгиевски направи сензација против Челси со 1:0. Тотенхем со убедливи 3:0 го декласираше Интер и обезбеди висока предност пред реваншот во Милано.

Стеауа на Георгиевски го пречекува Челси

На европската фудбалска сцена единствениот наш претставник Даниел Георгиевски со тимот на Стеауа Букурешт е домаќин на актуелниот европски шампион, а епитетот дерби во осминафиналето од Лигата на Европа му припаѓа на натпреварот помеѓу Тотенхем и Интер.

Ди Матео исчезна од историјата на Челси

Лондонскиот тим кој минатата година ја освои првата титула во Лигата на шампионите, поради банални причини го смени постерот пред стадионот „Стемфорд Бриџ" каде се наоѓаше италијанскиот стратег Роберто Ди Матео.

Најплатениот бек во светот

Одбранбениот фудбалер на Челси, Ешли Кол стана најплатениот одбранбен играч со неделна плата од 200 илјади фунти. Англискиот репрезентативец потпиша нов едногодишен договор со европскиот шампион.

Еволуцијата на Демба Ба

На Фернандо Торес му беа потребни 734 минути да го постигне првиот гол во дресот на Челси, а Демба Ба го стори тоа за 34 и го комплетираше дебито од соништата со уште еден гол. Кариерата на францускиот Сенегалец во последните години се развива како на филмска лента.

Коринтијанс преку Челси до светскиот трон

Бразилскиот Коринтијанс е новиот светски шампион откако во финалето на Светското клупско фудбалско првенство минимално го совлада актуелниот европски шапион Челси.

Челси против Коринтијанс во финалето на СКП

Актуелниот европски шампион со победата над Монтереј од 3:1 се пласираше во финалето на Светското клупско првенство каде ќе се сретне со Коринтијанс, освојувачот на ова натпреварување од 2000-та година.

Медиумите и Бенитез станаа жртви на интернетот

Огромен број на светски медиуми, а потоа и голем број на македонски медиуми ја пренесоа изјавата на Бенитез од 2007-та година кога тој изјавил дека никогаш нема да седне на клупата на Челси. Овие медиуми беа жртва на интернетот.

Бенитез како најава за Гвардиола

Не им требаше долго време на челниците на Челси да најдат замена за Роберто Ди Матео. Нов кормилар на Челси е Рафаел Бенитез, но сепак сенката на Пеп Гвардиола се уште се врти околу менаџската позиција на актуелниот европски шампион.

Тренерите на Абрамович

За девет години Абрамович отпушти девет тренери. Веќе анализиравме дека тој има проблем со менаџерите, а еве како тоа изгледа и графички.

Ди Матео доби шут-карта од Челси

По серијата слаби резултати на екипата на Челси, а посебно по вчерашниот пораз од Јувентус по кој актуелниот шампион во Лигата на шампиони се најде на прагот на елиминација, раководството на клубот реши да му врачи отказ на Роберто Ди Матео.

Ливерпул извлече бод кај Челси

Челси трето коло по ред не знае за победа во Премиер лигата. Овој пат два бода им украде Ливерпул, односно Луис Суарез. Един Џеко повторно го спаси Манчестер Сити.