Британската кладилница Ladbrokes соопшти дека во последните неколку денови тие примиле големи суми на пари на опкладата дека Жозе Мурињо ќе биде следниот тренер на Челси.
Заради големите суми кладилниците мораа да ги намалат коефициентите, па само за 48 часа коефициентот на Мурињо падна од 2 на 1,57.
Зад него е Џанфранко Ѕола со коефициент 13, Мејвид Мојс (15), Гус Хидинк (17) и Гус Појет со коефициент 21.
Гласините се догреаа откако тој самиот изјави дека ќе се врати во Премиер лигата, како и дека Челси засекогаш ќе биде во неговото срце. Мурињо го напушти Челси во 2007-та година, но тој се уште ја нема продадено неговата куќа во Лондон.
Привремениот тренер на Челси, Рафа Бенитез скоро сигурно ќе си замине на крајот од сезоната, а истовремено се очекува и заминувањето на Мурињо од Реал Мадрид.
Англичаните се до толку сигурни дека Мурињо наскоро ќе се врати во Лондон, што тие почнале да вложуваат пари и на тоа дека Челси ќе ја освои титулата следната сезона, па во некои кладилници коефициентот на оваа опклада од 5 падна на 4.