Ливерпул извлече бод кај Челси

Челси трето коло по ред не знае за победа во Премиер лигата. Овој пат два бода им украде Ливерпул, односно Луис Суарез. Един Џеко повторно го спаси Манчестер Сити.

Екипата на Челси беше подобар противник во поголемиот дел од натпреварот и имаше водство од 20-та минута со голот со глава на Џон Тери.

Стрелецот на голот за Челси мораше да ја напушти играта откако се повреди по еден дуел со Луис Суарез, а токму тој исто така со глава го постигна израмнувачкиот гол во 72-та минута.

Манчестер Сити губеше од Тотенхем од 21-та минута кога Колкер ги доведе гостите во водство, а тие оваа предност ја задржаа до 66-та минута. Најпрвин израмни Агуеро, а во финишот џокерот Един Џеко уште еднаш го спаси актуелниот шампион со победнички гол во 88-та минута.

ПРЕМИЕР ЛИГА, 11. коло:

Манчестер Сити - Тотенхем 2:1 (0:1)
Агуеро 66, Џеко 88 - Колкер 21

Њукасл - Вест Хем 0:1 (0:1)
Нолан 38

Челси - Ливерпул 1:1 (1:0)
Тери 20 - Суарез 72

сабота:
Астон Вила - Манчестер Јунајтед 2:3 (1:0)
Вајман 45, 50 - Хернандез 58, 87, Влар 63аг

Арсенал - Фулам 3:3 (2:2)
Жиру 11, 69, Подолски 23 - Бербатов 29, 67п, Качаниклиќ 40

Евертон - Сандерленд 2:1 (0:1)
Фелаини 77, Јелавиќ 78 - Џонсон 45

Ридинг - Норич 0:0

Саутемптон - Свонси 1:1 (0:0)
Шнајдерлин 64 - Даер 70

Стоук - Квинс Парк Ренџерс 1:0 (0:0)
Адам 52

Виган - Вест Бромвич Албион 1:2 (1:2)
Коне 45 - Морисон 31, Колдвел 43аг

 

11 ноември 2012 - 19:49