По многуте шпекулации околу иднината на Ешли Кол, бекот и актуелниот европски шампион најдоа решение, а тоа значи сочен и до сега незабележан договор за ниту еден друг играч кој игра во одбраната.
Кол кој од 2006 година е стандарден играч по левата бековна позиција ќе остане уште една година во составот на бранителот на титулата во Лигата на Шампионите и ќе заработува околу 995 илјади евра месечно или 33 илјади евра дневно.
Како што е познато политиката на Челси е на фудбалерите кои имаат над 30 години, да не им потпишуваат договори подолги од една година.
32 годишниот бек беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид, Парис Сент Жермен и Манчестер Јунајтед, но Роман Абрамович одлучи да го задржи во составот на Рафа Бенитез.
Се појавија и шпекулации според кои Челси ќе се ослободува од играчите кои земаат високи плати, за да се отвори простор за скапиот Пеп Гвардиола, кој впрочем деновиве ја изненади спортската јавност и се договори со Баерн Минхен.