Таг: брегзит

Повик на бунт против „митот за неотповикливата природа на брегзит“

Соочени со крахирањето на сите ветувања што ги имаа пред референдумот, моментално главен аргумент на поборниците за брегзит зошто треба да се продолжи со преговорите е дека веќе така е решено, пишува британската парламентарка Рупа Хaк.

Унилевер ја напушта Британија (и тоа нема никаква врска со брегзит)

Производителот на сè е од Дов сапуни до Магнум сладоледи, одлучи да го пресели своето седиште од Лондон во Ротердам. Она што им е многу важно за јавноста да знае е дека преселбата не е поврзана со тоа што Британија излегува од Европската Унија.

Блер постави вистинско прашање, само што доби погрешен одговор

Тони Блер и неговиот Институт за глобални промени решија со онлајн анкета да покажат колку многу луѓе го поддржуваат нивниот став за останување на Велика Британија во ЕУ. Што сум прашуел глупости.

Кој правел референдум за член 50, може да прави и за член 49

Како што има член 50 за излегување од Европската Унија, така има и член 49 за приклучување кон Унијата, е пораката од Јункер до Британците.

Нашите срца се уште се отворени за вас

Зборувајќи во Стразбур, Доналд Туск и порача на Британија дека брегзит се уште може да биде прекинат доколку британскиот народ го сменил расположението.

Брегзит во 2017 преку насловните на британските таблоиди

Токму овој сегмент од британските медиуми активно ја предводеше битката за Британија да ја напушти Европската Унија. Откако ја добија својата победа, сега треба да го пренесуваат процесот што го посакуваа.

Драга ЕУ: Европа е повеќе од само Париз и Амстердам

Како што доаѓа време за разделување од Британија, така ЕУ полека почнува да ги прави првите логистички потези па периодов седиштата на две ЕУ агенции се преселени од Лондон во Париз и Амстердам. Проблемот на колумнистот на Блумберг е што и при овој избор ЕУ се однесува како истокот од Унијата да не постои.

Англија останува без келнери

Државјани на ЕУ, особено оние од централна и источна Европа масовно ја напуштаат Велика Британија заради очекуваните компликациии околу  нивните работни места кои ги носи брегзит. А газди на ресторани а островот велат дека не можат да замислат Британец кој ќе стане од кревет и ќе оди некаде да мие чаши.

Што ако преговорите за брегзит не успеат?

По три месеци и три рунди од почетокот на преговорите, главниот преговарач на ЕУ за брегзит Мишел Барние, на крајот од август го сумираше дотогашниот тек: ниту една страна нема направено никаков значителен прогрес околу кое било клучно прашање.

Што Јункер нема да ви каже за реалната состојба во ЕУ?

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер в среда треба да го одржи своето годишно обраќање во Стразбур. „Ќе ве убедува дека ЕУ е мед и млеко. Ајде да видиме одблиску каква навистина ситуацијата“, пишува пратеничката на Европскиот парламент, Дајана Џејмс. 

Брегзит проблемот

Преговорите за брегзит официјално започнаа на 19 јуни 2017, речиси една година по референдумот со кој се побара отцепувањето на Британија од ЕУ. За Британците проблемот не е веќе кој за што гласал, туку како може тој што напињал за заминување од ЕУ да нема блага претстава како да се случи тоа.

Кој ќе работи после брегзит?

Како што Британија полека зацапува во брегзит преговорите со ЕУ и се соочува со "после референдум нема каење" реалноста, така добар дел од анти-брегзит предупредувањата и позициите почнаа да се реализираат. Едно од тие гласеше "нема да има кој да ни работи ако ги избркаме сите од ЕУ".

Че си платат

Само еден месец откако комплетната постава на Европската Унија ја направи ненормална ако мисли дека Британија ќе ги плати трошоците за излегување од Унијата, британскиот министерот за надворешни работи во интервју за Бибиси ја изгуби својата брегзитерска невиност порачувајќи - ма нормално дека ние сè ќе си платиме. Цехот за кој се нечкаат е околу 100 милијарди евра.

Џегер има две нови политички ангажирани песни

Дедо Мик Џегер има свое мислење за брегзит, и си го кажува со две нови песни, објавени во четвртокот. И не само за брегзит, туку и за лажните вести, имиграцијата и генералната несигурност. 

Зошто брегзит е толку скап?

Економските анализи за претстојните "Британија се од ЕУ корнеше" преговори се сложни околу тоа дека на крај Британија ќе треба да плаќа цех. Околу сумата колку тоа ќе изнесува предвидувањата имаат распон од 20 до 100 милијарди долари.

Британија очи во очи со брегзит

Сите верзии на брегзит (тврд / мек) имаат свои негативни страни и сепак лидерите на Британија не можат да признаат дека напуштањето ќе значи и правење компромиси, а не па колку ќе бидат тие штетни, се порачува во текстот на Економист.

Британија, резилот на Европа

Да не беше толку сериозна, ситуацијата во Британија ќе беше речиси комична. Со земјата владее робот кој зборува, со прекар Мејбот, кој некако успеа да отиде во посета на изгорена зграда во западниот дел од Лондон без да прозбори со ниту еден единствен преживеан или волонтер, пишува Кристијан Зашке во текстот за швајцарски Дер Бунд.

ЕУ не планира да и даде тајм-аут на Британија

Додека е можно дека на Британија ќе и треба време за да ги пофати сите конци по изборите со кои Тереза Меј сама себе се изненади, сосема е сигурно дека ЕУ тоа нема да ја интересира во однос на крајниот рок.

Големиот брегзит грабеж: како беше киднапирана британската демократија

Матна глобална операција која вклучуваше бази на податоци, милијардери пријатели на Трамп и неспоивите сили на кампањата за напуштање влијаеа на резултатите на ЕУ референдумот, пишува Карол Кадвалдер во обемниот текст за Опсервер.

Мајкл Кејн гласал за Брегзит

Оскаровецот разочара дел од своите фанови обелоденувајќи дека гласал за излегување на Велика Британија од ЕУ. „Попрво би бил сиромашен газда отколку богат слуга“, порачува „немиениот“ Кејн.

Тереза Меј без покривање во Ријад

Британската премиерка е во посета на Саудиска Арабија која е уште една држава со која ќе мора од ново да преговара трговските договори и придружни ставки што ќе им затребаат по излегувањето од ЕУ. Иако битна средба, премиерката решава дека нема да тера туѓи мераци.

Маршот во брегзит

Прво освести се каде си, второ освести се дека не може да ја напуштиш Европа, туку само ЕУ, трето освести се дека не си заминуваш од рајот на Земјата, четврто не е страшно што си одиме од ЕУ, страшно е кој нè води, петто и последно - не марширај против резултат, ако си гласал на референдум тоа подразбира дека се волен да ги прифатиш резултатите од него. Џонатан Пај за почетокот на брегзит и непомирливоста со истиот.

Брегзит може и да не биде така лош

Додека Тереза Меј го потпишуваше почетокот на преговорите за напуштање на ЕУ, никој не се сомневаше дека ова разделување ќе биде болно за двете страни - а за Британија многу повеќе отколку за ЕУ. Ама не е дека нема позитивна страна.