Мајкл Кејн гласал за Брегзит

Оскаровецот разочара дел од своите фанови обелоденувајќи дека гласал за излегување на Велика Британија од ЕУ. „Попрво би бил сиромашен газда отколку богат слуга“, порачува „немиениот“ Кејн.

84 годишниот актер верува дека сè ќе испадне на подобро по завршувањето на двегодишниот период во кој Велика Британија треба да се раздружи од Европската унија.

Тој вели дека на референдумот победил концептот на слободата и негира дека ксенофобијата имала клучно влијание врз исходот на гласањето.

„Попрво би бил сиромашен газда отколку богат слуга“, вели Кејн.

Твитерџии прописно го подбраа потсетувајќи дека е лицемерно за сиромаштија да зборува милионер (се проценува дека тежи околу 75 милиони евра) кој се закануваше дека ќе се отсели во САД  заради високите даноци во својата земја. Дриги пак, го потсетија дека кога се работи за слободата, токму тие ја изгубиле слободата да работат, учат и живеат кај што сакаат во Европа.

 

7 април 2017 - 12:20