Во седумнаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија на програмата беа 9 натпревари. Натпреварите протекоа во добра атмосвера со одличен фудбал во кој се играше максимално мотивирано и ангажирано до последната минута. Во ваквата игра екипите го даваа својот максимум во секој натпревар.
По израмнетата битка која заврши 4:4, Матрикс го совлада Еуро Табак на пенали и ја освои Бизнис лигата. Со удари од белата точка се одлучи и мечот за третото место на кој славеше тимот на Рамстор.
Во четвртиот ден од 14. коло во Бизнис лига на Македонија славеа екипите на Пекабеско и Макпетрол, Ван Хоол и Фабрика Карпош – ГИМ одиграа без победник.