Петров со хет-трик им донесе победа на Гранит во дуелот со Шпаркасе Банка

Во 16. коло од пролетниот дел во Бизнис лигата на Македонија победи славеа екипите на Гранит, Фабрика Карпош и Џонсон Мети.

Петров со хет-трик  им донесе победа на Гранит во дуелот со Шпаркасе Банка

Шпаркасе Банка 3-5(2-1) Гранит

Шпаркасе Банка: Игор Каланоски 28’ Спасе Спасовски 2’ Христијан Тодоровски 20’

Гранит: Аце Димитровски 3’ Ненад Антовски 25’ Марио Петров 33’ 35’ 38’

Интересно прво полувреме ни прикажаа екипите на Шпаркасе Банка и Гранит, двете екипи во овој натпревар влегоа со сигурна игра со многу подавања на средината од теренот. Екипата на Шпаркасе Банка прва го отвори резултатот со погодокот на Спасовски во втората минута а веќе следната акција Гранит возврати и израмни на 1-1. Екипата на Шпаркасе Банка ја превзеде иницијативата и вршеше притисок кон противничкиот гол, а Гранит со контра напади и удари од далечина се обидуваше да дојде до водство. Во финишот од полувремето екипата на Шпаркасе Банка по една добро изработена акција успеа да дојде до повторно водство и на паузата да замине со резултат од 2-1. На стартот на второт полувреме екипата на Гранит дојде до повторно израмнување на 2-2, но екипата на Шпаркасе Банка во 28та минута дојде до повторно водство од 3-2. До крајот на натпреварот кај екипата на Гранит проработе Петров кој со три гола и донесе целосен резултатски пресврт и победа на својата екипа во овој дуел со 3-5.

Фабрика Карпош –ГИМ со експлозивни напади до сигурна победа над А1

Фабрика Карпош – ГИМ 9-1(2-1) А1

Фабрика Карпош – ГИМ: Филип Илиевски 7’ 16’ 26’ 27’ 33’ 36’ Бојан Голабовски 34’ Кристијан Панев 33’ 36’

А1: Давид Милсдинов 19’

Динамично прво полувреме ни прикажаа екипите на Фабрика Карпош – ГИМ и А1. Прва до водство дојде екипата на Фабрика Карпош= ГИМ во 7та минута преку погодокот на Илиевски што ја примора екипата на А1 да започне со нешто поофанзивна игра. Во ваквата офанзивна А1 заборави  на одбраната па Фабрика Карпош – ГИМ успеа да го зголеми водството на 2-0. Во финишот од полувремето екипата на А1 успеа преку Миладинов да ја намали разликата на 2-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош – ГИМ ја имаше контролата врз топката и со експлозивни напади доаѓаше до одлични шанси за гол. Кај екипата на А1 приметлива беше кратката клупа што се одрази на играта, екипата на Фабрика Карпош – ГИМ го искористи овој пад на играта кај А1 за да дојде до сигурна победа во овој дуел со резултат од 9-1.

Џонсон Мети со одлично прво полувреме ја осигура победата над ЈП Дрисла

ЈП Дрисла 6-10(2-7) Џонсон Мети

ЈП Дрисла: Дени Стојановски 4’ 31’ Бесник Шакири 9’ 36’ Расим Исмани 39’ Ридван Демири 35’

Џонсон Мети: Љупчо Стојановски 16’ 17’ 17’ Христијан Стојановски 3’ 31’ Никола Николовски 15’ 24’ 32’ Стефан Јовановски 10’ Бране Стојановски 1’

Екипата на Џонсон Мети со погодок во првата минута го отвори дуелот со ЈП Дрисла, со ова рано водство Џонсон Мети најави дека не очекува интересен натпревар. Екипата на Џонсон Мети го зголеми водството во третата минута преку одличниот погодок на Стојановски, ова ја примора екипата на ЈП Дрисла да настапи поофанзивно што вроди со плод и успеаа да ја намалат разилката на 1-2 и да атакуваат на израмнување кое дојде во 9та минута. До крајот на полувремето екипата на Џонсон Мети јаа превзема иницијативата и до паузата успеа да направи солидна предност од 2-7. Во второто полувреме екипата на ЈП Дрисла го подигна темпото на игра со цел да ја намали негативата од првото полувреме, но екипата на Џонсон Мети искусно ја смири играта и со одлична игра во одбраната не дозволуваше противникот резултатски да се доближи. Екипата на ЈП Дрисла во игра внесе голман играч но немаше доволно сили за некакво изненадување па Џонсон Мети ги однесе бодовите со резултат 6-10.

7 април 2022 - 08:47