Во лавовска борба Уни Банка и Џојсон Сејфти Системс ги поделија бодовите
Уни Банка 6-6(3-3) Џојсон Сејфти Системс
Уни Банка: Ивица Орозовски 25’ Марко Ташков 13’ Александар Кузинаков 11’ 28’ Ненад Саздовски 10’ 40’
Џојсон Сејфти Системс: Нерди Бајрами 9’ Борче Аргиловски 3’ 16’ 21’ 35’ Бобан Вељановски 26’
Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Уни Банка и Џојсон Сејфти Системс, првиот дел од полувремето и припадна на екипата на Џојсон Сејфти која со погодоци во 3та и 9та минута успеа да дојде до водство од 0-2. По оваа негатива екипата на Уни Банка започна ќестоко, напаѓачки кон голот на противникот па во период од 10та до 13та минута успеа да постигне три погодоци за целосен резултатски пресврт. По што во 16та минута екипата на Џојсон Сејфти успеа да реализира еден котра напад и со голот на Аргиловски успеа да реализира за 3-3 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме се продолжи во висок ритам на игра, на стартот на полувремето екипата на Џојсон Сејфти Системс успеа да постигне погодок и да го превземе водството. Следуваше брз одговор на Уни Банка со погодокот на Орозовски за повторно израмнување. Во ваквата игра гол за гол екипата на Џојсон Сејфти Системс ја имаше предноста се до последната минута кога екипата на Уни Банка преку еден контра напад со одлична асистенција на Хаџидинев и реалзиија на Саздовски успеа да дојде до реми со резултат од 6-6.
Аптив со тимска игра до победа над Окта
Окта 2-7(0-3) Аптив
Окта: Драганче Стојановски 25’ Иван Димитриевски 36’
Аптив: Александар Марковски 10’ Марјан Тодоровски 22’ Дамјан Хрдаличка 28’ 31’ Иле Трајковски 6‘ Кире Стаматовски 12’ 40’
Првото полувреме од дуелот помеѓу Окта и Аптив и припадна на екипата на Аптив која уште на самиот старт наметна своја игра и имаше целосна контрола. Со погодокот на Трајковски во 6та минута екипата на Аптив го отвори резултатот а веќе во 12та минута имаше предност од 0-3. Дoкрајот на полувремето екипата на Окта со сите сили се обидуваше да се врати во мечот но екипата на Аптив со одлична игра не остави простор за тоа па на полувреме замина со предност од 0-3. Во второто полувреме иста слика екипата на Окта бркаше резултатска негатива а екипата на Аптив одлично се бранеше и од време на време со одлични контра напади успеваше да постигне погодок за високо водство и победа со резутат 2-7
Тиквеш немаше доволно сили за пресврт со МЕПСО
Тиквеш 7-9(2-6) МЕПСО
Тиквеш: Филип Велјановски 21’ Арифи 35’ Орде Ивановски 20’ 20’ 28’ 33’ 39’
МЕПСО: Ѓоко Јанакиевски 11’ 14’ 20’ 34’ Борис Трајковски 12’ 16’ 25’ 26’ Слаѓан Ѓоргиев 18’
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Тиквеш и МЕПСО, уште на самиот старт двете екипи наметнаа отворен стил на игра што донесе многу шанси за погодок на двете страни. Екипата на МЕПСО со два погодоци едно по друго во 10та и 11та минута се стекна со солидно водство од 0-2. По ова екипата на Тиквеш започна со агресивна игра и тргна по израмнување, таквата отворена игра остави простор во одбраната што МЕПСО го искористи за зголемување на водството на 2-6 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме се продолжи во висок ритам на игра во кој екипата на Тивеш со одлична игра од минута во минута ја топеше високата предност на МЕПСО па успеа да стигне до два гола негатива, но немаше сили да стори нешто повеќе. Натпреварот заврши со резултат од 7-9 во корист на МЕПСО.