Осврт на 17то коло од Бизнис Лигата на Македонија + Топ 10 гола

Во седумнаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија на програмата беа 9 натпревари. Натпреварите протекоа во добра атмосвера со одличен фудбал во кој се играше максимално мотивирано и ангажирано до последната минута. Во ваквата игра екипите го даваа својот максимум во секој натпревар.

Во првиот натпревар ЕВН со колективна игра дојде до победа над Уни Банка

ЕВН 8-3(4-1) Уни Банка

Во дерби натпревар Џојсон Сејфти Системс и Ван Хоол ги поделија бодовите

Џојсон Сејфти Системс 2-2(0-0) Ван Хоол

Рамстор со одлично прво полувреме ја осигура победата над Фабрика Карпош – ГИМ

Рамстор 5-1(4-1) Фабрика Карпош – ГИМ

ЈП Дрисла рутинирано до победа над Гранит

Гранит 6-12(3-8) ЈП Дрисла

Матрикс со контролирана игра до победа над Шпаркасе Банка

Матрикс 6-3(3-1) Шпаркасе Банка

Одличната игра на Магденовски и донесе победа на Пивара Скопје во дуелот со Спорт Лајф

Пивара Скопје 9-2(2-0) Спорт Лајф

ЈСП го скрши отпорот на А1 и ги однесе бодовите

А1 3-7(0-2) ЈСП 

Во исклучително неизвесен натпревар ЕЛЕМ и ЈП Водовод ги поделија бодовите

ЕЛЕМ 2-2(1-1) ЈП Водовод

Љубомир Стојановски со маестрална игра донесе победа на С.Ц. Борис Трајковски во дуелот со Џонсон Мети

Џонсон Мети 7-9(3-4) С.Ц. Борис Трајковски

Ова коло се истакнаа следните поедници:

– Љубомир Стојановски (С.Ц.Б.Т) 6 гола

– Даниел Антовски (ЈСП) 3 гола

– Валентин Каров (Пивара Скопје) 3 гола

– Драган Брњарчевски (Матрикс) 3 гола

Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:

Дени Стојановски (ЈП Дрисла), Влатко Петровски (ЕЛЕМ), Горан Трајков (Спорт Лајф), Алек Илиоски (Пивара Скопје), Жика Стокоски (Џојсон Сејфти Системс), Тихо Груевски (ЕЛЕМ), Кадир Јахја (Рамстор), Наум Бадаловски (ЕВН), Бојан Тодоровски (ЕВН)

Екипа на колото: Пивара Скопје

Тренер на колото: Алтај Иметовски (Рамстор)

Голман на колото: Ваљон Иљази (Џосјон Сејфти Системс)

Натпревар на колото: Џојсон Сејфти Системс 2-2(0-0) Ван Хоол

18 април 2022 - 07:58