ЈП Дрисла рутинирано до победа над Гранит
Гранит 6-12(3-8) ЈП Дрисла
Гранит: Николче Глигуровски 11’ 37’ Дарко Петров 15’ Ненад Антовски 12’ Марио Петров 24’ 33’
ЈП Дрисла: Дени Стојановски 6’ 7’ 16’ Бесник Шакири 35’ 38’ 39’ Расим Исмани 7’ 9’ 19’ 20’ Игор Ѓорѓиевски 4’ 30’
Екипата на ЈП Дрисла со максимално сериозен пристап влезе во дуелот со Гранит, на самиот старт од натпреварот успеаа да го совладаат голманот на Гранит и лесно да дојдат до водство. Ова водство екипата ЈП Дрисла го искористи да игра по опуштено со брз проток на топка кој им овозможуваше да доаѓаат до отворени шанси за гол. Екипата на Гранит не можеше да се снајде во ваквата брза игра па го загуби полувремето со 3-8. Во второто полувреме екипата на ЈП Дрисла продолжи со иста игра не давајќи му простор на Гранит да фати ритам иако имаше обид со внесување на голман играч да наметне нешто побрза игра. Во преостанатиот дел од натпреварот екипата на ЈП Дрисла успеа рутинирано да го сочува водството и да го добие овој натпревар со 6-12.
Матрикс со контролирана игра до победа над Шпаркасе Банка
Матрикс 6-3(3-1) Шпаркасе Банка
Матрикс: Драган Брњарчевски 5’ 11’ 27’ Антонио Богдановски 34’ Ивица Алампиоски 40’ Тони Брњарчевски 7’
Шпаркасе Банка: Филип Чижбановски 18’ 36’ Марјан Спасовски 39’
Екипата на Матрикс во дуелот со Шпаркасе Банка од самиот старт ја најави својата улога како фаворит во овој дуел. Тие уште на самиот старт поточно во петата и седмата минута дојдоа до брзо водство од 2-0, екипата на Шпаркасе Банка со голман играч се обидуваше да ја намали резултатската разлика. Ваквата отворена игра на Шпаркасе Банка ја искористи Матрикс за зголемување на водството на 3-0, до крајот на полувремето екипата на Шпаркасе успеа со погодокот на Чижбановски да намали на 3-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Матрикс продолжи со игра на средината на теренот и одлична контрола врз топката, а преку удари од далечина ја зголеми предноста на 5-1. Екипата на Шпаркасе Банка ги консолидира своите редови и почна да ја топи разликата која Матрикс ја имаше направено, но времето не им беше сојузник па го загубија овој натпревар со 6-3.