Ремито најреален исход во дуелот Ван Хоол и ЕВН
Ван Хоол 4-4(1-2) ЕВН
Ван Хоол: Даниел Стаменковски 17’ 22’ 23’ Игор МИнов 27’
ЕВН: Бојан Симоновски 16’ 39’ Вилијам Митев 31’ Бојан Тодоровски 13’
Осумнаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Ван Хоол и ЕВН, екипите во овој натпревар влегоа со сигурна игра на средината од теренот со многу подавања и ја чекаа својата шанса преку брза контра. Екипата на Ван Хоол ја превзема иницијативата во ова полувреме и вршеше притисок кон голот на ЕВН, но направи голема грешка во одбраната па со одбиена топка од Тодоровски екипата на ЕВН успеа да поведе со 0-1. А после неколку минути екипата на ЕВН успеа и да го зголеми водството на 0-2, екипата на Ван Хоол се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот но до полувремето не успеа во тоа па на паузата се замина со резултат од 1-2 во корист на ЕВН. Во второто полувреме екипата на Ван Хоол го подигна темпото на игра и со одлични погодоци од далечина успеа да дојде до израмнување, а кратко потоа и до целосен резултатски пресврт од 3-2. Екипата на ЕВН преку погодокот на Митев успеа да дојде до повторно израмнување и да ја направи завршницата на овој натпревар неизвесна. Во ваквата неизвесна завршница ремито беше најреален исход па екипите ги поделија бодовите со резултат до 4-4.
Искусниот Казаковски стави печат на победата на Фабрика Карпош – ГИМ над Уни Банка
Фабрика Карпош – ГИМ 8-3(5-0) Уни Банка
Фабрика Карпош – ГИМ: Марјан Казаковски 40’ Тони Котев 16’ Бојан Голабовски 19’ Георги Божиков 31’ Филип Илиевски 14’ Кристијан Панев 7’ 8’ 23’
Уни Банка:
Одличен почеток за екипата на Фабрика Карпош – ГИМ во дуелот со Уни Банка, тие во овој натпревар влегоа со одлична игра со фокус ставен на играта во нападот. Кај екипата на Фабрика Карпош – ГИМ Панев имаше одличне старт и со два гола едно за друго го отвори резултатот. Екипата на Уни Банка по оваа негатива се обиде со поофанзивна игра резултатски да се врати, но ваквата отворена игра ја искористи Фабрика Карпош- ГИМ за со брзи контра напади да дојде до сигурна предност на полувремето од 5-0. Во второто полувреме екипта на Фабрика Карпош – ГИМ продолжи со одлична игра и од минута во минута го зголемуваше своето водство, екипата на Уни Банка се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот и успеа да постигна три погодоци но предноста која ја имаше Фабрика Карпош – ГИМ од полувремето беше недостижна. Со погодокот во последната минута Казаковски стави печат на победата на Фабрика Карпош – ГИМ со резултат од 8-3.
Во драматична завршница Лукоил ја сочува победата над Џојсон Сејфти Системс
Лукоил 8-7(2-4) Џојсон Сејфти Системс
Лукоил: Марјан Цветковски 4’ 28’ Гоце Мојсовски 22’ 23’ Лоренцо Николовски 20’ 34’ Васко Стефанов 39’ Аце Ѓоргиевски 38’
Џојсон Сејфти Системс: Марко Димовски 6’ 17’ Вецко Вренцовски 9’ 12’ 35’ 39’ 40’
Одличен старт на екипата на Лукоил во дуелот со Џојсон Сејфти Системс, тие уште во 4та минута преку одличниот погодок на Цветковски го отворија резултатот и го превземаа водството. По ова рано водство на Лукоил екипата на Џојсон Сејфти Системс го подигнаа темпото на игра и успеаа да дојдат до целосен резултатски пресврт до 9та минута. Во втората половина од полувремето екипата на Џојсон Сејфти Системс ја имаше контролата врз топката и успеа да ја сочува предноста која до полувремето изнесуваше 2-4. Во второто полувреме екипата на Лукоил од самиот старт со погодокот на Николовски а потоа и Мојсоски успеа да дојде до повторно израмнување. Екипата на Лукоил со одлична игра успеа повторно да поведе и да створи солидна предност од 3 гола. Екипата на Џојсон Сејфти Системс во финишот од натпреварот почна да ја топи разликата на Лукоил и со само еден гол негатива ја направи завршницата вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на Лукоил успеа да го сочува својот гол и да ги однесе поените со резултат од 8-7.