Во исклучително неизвесен натпревар ЕЛЕМ и ЈП Водовод ги поделија бодовите

Во 17. коло од пролетниот дел во Бизнис лигата на Македонија, Пивара Скопје го декласираше Спорт Лајф, а ЈСП славеше над А1.

Одличната игра на Магденовски и донесе победа на Пивара Скопје во дуелот со Спорт Лајф

Пивара Скопје 9-2(2-0) Спорт Лајф

Пивара Скопје: Делчо Кировски 21’ 33’ Алек Илиоски 8’ 39’ Марко Магденовски 4’ 24’ Валентин Каров 37’ 38’ 39’

Спорт Лајф: Горан Трајков 37’ Ален Мехмеди 23’

 Исклучително возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Пивара Скопје и Спорт Лајф, двете екипи во овој натпревар влегоа со офанзивна игра. Прва до водство дојде екипата на Пивара Скопје во 4та минута со одличниот погодок на Магденовски, по ова рано водство на екипата на Пивара екипата на Спорт Лајф се обиде со контра напади да дојде до израмнувачки погодок но иако имаше одлични шанси не успеа во тоа. Екипата на Пивара Скопје до крајот на полувремето со погодокот на Илиоски успеа да дојде до предност од 2-0 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Пивара Скопје го подигна нивото на игра и со Магденовски како организатор на нападот од минута во минута го зголемуваа водството. Екипата на Спорт Лајф не можеше да парира на денес расположената екипа на Пивара Скопје која го доби овој натпревар со високи 9-2.

ЈСП го скрши отпорот на А1 и ги однесе бодовите

А1 3-7(0-2) ЈСП

А1: Ненад Богдановиќ 40’ Бојан Волчевски 35’ Александар Тановски 35’

ЈСП: Тихо Фидановски 16’ 28’ Љупчо Павловиќ 22’ Даниел Антовски 19’ 30’ 40’ Филип Колеќески

Израмнето прво полувреме ни прикажаа екипите на А1 и ЈСП, двете екипи во ова полувреме играа со одлична контрола врз топката и своите шанси ги бараа преку удари од далечина. Како поминуваше времето екипата на ЈСП го подигаше темпото на игра и со се поофанзивна игра се закануваше кон голот на А1 но денес одличниот Јанакиевски одлично ја чуваше својата мрежа. Во финишот од полувремето екипата на ЈСП успеа да го скрши отпорот на А1 и со два гола предност да замине на паузата. Во второто полувреме екипата на А1 со цел да створи вишок во нападот во игра внесе голман играч, но екипата на ЈСП ја искористи оваа отворена игра за зголемување на воството на 6-0. Во финишот од натпреварот екипата на А1 имаше три одлични погодоци но разликата која ја направи ЈСП беше недостижна. Во овој натпревар екипата на ЈСП славеше со резултат од 3-7.

Во исклучително неизвесен натпревар ЕЛЕМ и ЈП Водовод ги поделија бодовите

ЕЛЕМ 2-2(1-1) ЈП Водовод

ЕЛЕМ: Пеце Соклески 10’ Влатко Петровски 22’

ЈП Водовод: Стојанче Ивановски 9’ Блерим Сали 26’

Динамично прво полувреме ни прикажаа екипите на ЕЛЕМ и ЈП Водовод, тие во овој натпревар влего со офанзивна игра и од самиот почеток шанси за погодок се редеа на двете страни. Екипата на ЈП Водовод го отвори резултатот во 9та минута преку одличниот погодок на Ивановски, но веќе во следниот напад екипата на ЕЛЕМ успеа да израмни преку Соклевски за повторна неизвесност и резултат од 1-1. До крајот на полувремето двете екипи имаа одлични шанси но голманите беа на ниво на задачата па мрежите мируваа, на паузата се замина со 1-1. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ беше таа која ја превземе иницијативата па во 22ра минута успеаа да дојдат до предност од 2-1. Екипата на ЈП Водовод имаше брз одговор и во 26та минута успеаа преку Сали успеа повторно да дојдат до израмнување и да го направат финишот од овој натпревар многу неизвесен. Во ваквата неизвесна завршница екипите не успеаа да реализираат па крај ги поделија бодовите.

14 април 2022 - 08:42