Во дерби натпревар Џојсон Сејфти Системс и Ван Хоол ги поделија бодовите

Во 17. коло од пролетниот дел во Бизнис лигата на Македонија победи славеа екипите на ЕВН и Рамстор.

ЕВН преку колективна игра до победа над Уни Банка

ЕВН 8-3(4-1) Уни Банка

ЕВН: Бојан Симоновски 37’ Дарко Стоилевски 4’ 7’ Вилијам Митев 38’ Наум Бадаловски 19’ 32’ Бојан Тодоровски 17’ 24’

Уни Банка: Марко Ташков 34’ 40’ Кристијан Смилевски 18’ 

Седумнаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на ЕВН и Уни Банка, екипата на ЕВН на стартот на полувремето влезе офанзивно и уште во 4та минута преку голот на Стоилевски го отворија резултатот со 1-0. Екипата на ЕВН продолжи со одлична игра и успеа да дојде до солидно водство од 3-0, екипата на Уни Банка во финишот од полувремето со одличниот погодок на Кузинаков успеа да намали на 3-1. Сепак до полувремето екипата на ЕВН успеа повторно да реализира за предност од 4-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на ЕВН продолжи со одлична игра и од минута во минута го зголемуваше своето водство. Екипата на Уни Банка играше без измена што се одрази врз нивната игра, сепак во финишот од натпреварот успеаа да постигнат два гола за ублажување на поразот со 8-3.

Во дерби натпревар Џојсон Сејфти Системс и Ван Хоол ги поделија бодовите

Џојсон Сејфти Системс 2-2(0-0) Ван Хоол

Џојсон Сејфти Системс: Вецко Вренцовски 35’ Стевче Велковски 40′

Ван Хоол: Ненад Саздовски 32’ Боше Петровски 32’

Израмнето прво полувреме ни прикажаа екипите на Џојсон Сејфти Системс и Ван Хоол, двете екипи во овој дерби натпревар влегоа претпазливо со игра во која фокусот беше ставен на одбранта а шансата ја бараа преку брзи контра напади и удари од далечина. Двете екипи имаа по неколку одлични шанси за погодок но голманите беа на ниво на задачата па до полувремето мрежите мируваа. Во второто полувреме и двете екипи играа доста цврсто во висок ритам се играше на граница на фаул. Екипата на Ван Хоол искористи две грешки во одбраната на Џојсон Сејфти Системс и успеа да стекне предност од 0-2. Но Џојсон Сејфти во 35та минута преку Вренцовски успеа да постигне гол и да ја врати резултатската неизвесност. Во ваквата неизвесна завршница екипата на Џојсон Сејфти Системс успеа да дојде до израмнување преку Велковски па екипите го завршија овој натпревар со 2-2.

Рамстор со одлично прво полувреме ја осигура победата над Фабрика Карпош – ГИМ

Рамстор 5-1(4-1) Фабрика Карпош – ГИМ

Рамстор: Емран Селим 18’ Енгин Мемеди 30’ Кадир Јахја 3’ 14’ Алтај Иметовски 4’

Фабрика Карпош – ГИМ: Тони Котев 16’ 

Одличен старт за екипата на Рамстор во дуелот со Фабрика Карпош – ГИМ, тие уште во 3та минута од полувремето го отворија резултатот и поведоа со 1-0, а веќе во следниот напад ја зголемија предноста на 2-0. Ваквата отворена и офанзивна игра на Рамстор донесе резултат па тие стигнаа до сигурна предност од 3-0. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ во 16та минута преку погодокот на Тони Котев ја намали резултатската предност на 3-1, сепак до крајот на полувремето екипата на Рамстор успеа да реализира уште еден погодок за 4-1 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош – ГИМ ја превзема иницијативата и притискаше кон противничкиот гол но Рмастор одлично ја постави играта во одбраната и ја смири топката не дозволувајќи му на противникот резултатски да се доближи. Екипата на Рамстор го доби овој натпревар со сигурни 5-1.

12 април 2022 - 07:56