A1 со пресврт до победа над ЈП Водовод
А1 9-7(4-6) ЈП Водовод
А1: Мартин Ангеловски 5’ 35’ 40’ Коте Јанакиевски 25’ Јовица Наумовски 12’ 17’ 19’ 21’ 22’
ЈП Водовод: Јакуп Зекири 14’ Беким Авдули 8’ Стојанче Ивановски 1’ 9’ 15’ 36’ Блерим Сали 3’
Одличен старт на екипата на ЈП Водовод во дуелот со А1, тие на самиот старт во првата минута преку погодокот на Ивановски го отворија резултатот. Ова рано водство им даде сила и кураж за по само две минути да го зголемат водството на 0-2. Екипата на А1 ги консолидира своите редови и со погодокот на Ангееловски успеа да намали на 1-2 и да нападне за израмнување, но ваквата отворена игра ја искористи ЈП Водовод за да го зголеми водството и да направи разлика која А1 не успеа да ја стигне до паузата па на полувремето замина со негатива од 4-6. Во второто полувреме екипата на А1 ја зацврсти одбраната и преку контра напади ја стопи разликата од полувремето а во 22та минута успеа да дојде и до целосен резултатски пресврт. Во финишот од полувремето се играше израмнет фудбал но екипата на А1 успеа да ја задржи предноста и да го добие овој дуел со 9-7.
Џонсон Мети со одлична игра до победа над Пивара Скопје
Пивара Скопје 2-10(1-4) Џонсон Мети
Пивара Скопје: Делчо Кировски 8’ 27’
Џонсон Мети: Христијан Стојановски 20’ 26’ 31’ Стефан Јовановски 18’ Бране Стојановски 4’ 21’ 33’ Слободан Чичевски 25’
Израмнето прво полувреме ни прикажаа екипите на Пивара Скопје и Џонсон Мети, двете екипи во овој натпревар влегоа со тактичка игра со многу подавања на средината на теренот. Екипата на Џонсон Мети го отвори резултатот во 4та минута од полувремето со погодокот на Стојановски, но екипата на Пивара Скопје брзо возврати со погододокот на Кировски за повторно израмнување на резултатот. Во втората половина од полувремето екипата на Џонсон Мети го подигна темпото на игра и ги искористи грешките во одбраната на Пивара Скопје за повторна предност која до полувремето ја зголеми на 1-4. Во второто полувреме екипата на Џонсон Мети целосно го скрши отпорот на Пивара Скопје и од минута во минута го зголемуваше водството. Екипата на Пивара Скопје се обиде со голман играч резултатски да се врати во натпреварот но екипата на Џонсон Мети имаше контрола врз топката и не дозволи изненадување, па го доби овој натпревар со сигурни 2-10.