Матрикс шампиони на Бизнис Лигата на Македонија
Еуро Табак 4-4(2-0) Матрикс 6-8 по пеналите
Еуро Табак: Мартин Ливрински 18’ 20’ 24’ Дејан Јанкоски 27’
Матрикс: Драган Брњарчевски 26’ 29’ 35’ Мирко Богески 34’
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Еуро Табак и Матрикс. Двете екипи уште од самиот почеток со темпото на игра најавија дека гледаме финале. Екипата на Матрикс беше таа која на почетокот на полувремето притисна кон противничкиот гол, но екипата на Еуро Табак одлично ја постави својата одбрана и го издржуваше притисокот. Кон крајот на полувремето во 18та минута екипата на Еуро Табак успеа преку брз контра напад на Ливрински да го отвори резултатот и да го превземе водството на 1-0. До крајот на полувремето расположениот Ливрински успеа да искористи уште една грешка во одбраната на Матрикс и го зголеми водството на 2-0. Во второто полувреме екипата на Матрикс го подигна темпото на игра и повтороно притисна кон голот на Еуро Табак ваквата отворена офанзивна игра ја искористи Еуро Табак за зголемување на водството на 3-0 со третиот погодок на Ливрински. Во 25та минута од натпреварот екипата на Матрикс конечно ја најде пукнатината во одбраната на Еуро Табак и го намали водството на 3-1, но само минута подоцна екипата на Еуро Табак повторно реализираше за 4-1 преку одличниот погодок на Јанковски. Екипата на Матрикс не се откажуваше лесно од овој натпревар па во 29та минута преку одличен погодок на Брњарчески успеа да ја намали предноста на Еуро Табак на 4-2. По еден незгоден старт екипата на Еуро Табак одстана со играч помалце што екипата на Матрикс го искористи и се врати на само гол негатива 4-3. Во 35та минута екипата на Матрикс поведена од претходниот гол успеа повторно да реализира и да дојде до израмнување на 4-4 и пенал завршница. По изведување на пеналите екипата на Матрикс имаше повеќе среќа и успеа да стигне до шампионската титула.
Рамстор со победа над Ван Хоол до бронзен медал
Рамстор 1-1(1-0) Ван Хоол (4-3 по пеналите)
Рамстор: Кадир Јахји 12’
Ван Хоол: Ненад Саздовски 30’
Натпреварот за третото место во Бизнис Лигата помеѓу екипите на Рамстор и Ван Хоол почна со брз ритам на игра каде и двете екипи влегоа мотивирани да го побетад противникот. Екипата на Рамстор беше таа која прва притисна кон противничкиот гол но екипата на Ван Хоол одлично ја имаше поставено својата одбрана која ги затвори сите пристапи кон нивниот гол. Сепак во 12та минута од полувремето екипата на Рамстор успеа да искористи грешка во одбраната на Ван Хоол и да го отвори резултатот со 1-0. Ова ја примора екипата на Ван Хоол да тргне поофанзивно кон голот на Рамстро и да брка резултатски приклучок. Екипата на Ван Хоол не успеа во својата намера па на паузата се замина со резултатот од 12та минута 1-0. Во второто полувреме екипата на Ван Хоол продолжи со офанзивната игра и притисокот кон голот на Рамстор, додека екипата на Рамстор ја бараше својата шанса преку контра напади. Во 30та минута екипата на Ван Хоол конечно успеа да го скрши отпорот на Рамстро и да го изедначи резултатот на 1-1 и да ги направи интересни последните 10 минути од овој натпревар. Во овие пеколни 10 минути ниту една од екипите не успеа да реализира па за победникот на овој натпревар одлучија пеналите. Екипата на Рамстор беше поуспешна во изведувањето на пеналите и го освои третото место.