Под притисок од групи за човекови права, Украина ја започна „најголемата преселба во историјата“ селејќи 750.000 луѓе од фронтовските линии во војната со Русија.
Од април годинава воената поддршка на Европа за Украина е во константен пад, а минатиот месец европските воени сили им дале нула воени ветувања на властите во Киев.
„Само 30% од помошта во оружје за Украина стигнува до крајната дестинација,“ е едно од тврдењата на документарецот на Си-би-ес работен неколку месеци на терен во Украина, кој телевизиската мрежа целосно го збриша само неколку дена по објавувањето.
Полјаците прават математика за парите што Москва ќе ги изгуби заради санкциите од ЕУ, и излегува дека Русија ќе мине подобро отколку Полска со казните од Унијата на која е членка.
Залихите на САД со ракети за ХИМАРС системите се неколку десетици илјади, меѓутоа проблемот е што Украина ги троши ракетите како сите овие да се за нив.
Украински граничар на белоруските колеги од дистанца има да им порача дека држи граната во рака и „Алаху Акбар“. Пред да се ескалира на реплики со Калашникови, Украинците си го прибраа колегата.
На 26 јули министрите за енергетика на членките на ЕУ на итен состанок речиси инстантно се согласија околу договорот за кратење на потрошувачката на гас, според кој секоја држава ќе ја намали потрошувачката за 15% во споредба со 5-годишниот просек. И ова нема да го реши проблемот.
Истиот проблем што Русите го имаат со руските медиуми, Западот го има со своите медиуми, барем за тие што се обидуваат да дознаат реално кој победува, а не кој Западот би сакал да губи.
Ако ЕУ сака да ја задржи лидерската позиција во глобалната политика (?), тогаш Унијата треба да раскрсти со националните вета кога е во прашање надворешна и безбедносна политика.
Заради загриженост околу финансиска стабилност (дали ќе ги врати парите или ќе изгорат) Европската комисија не и пушта 1,5 милијарди евра Украина, на која и требаат пари баш заради одржување на таа финансиска стабилност.
Преку еден спектакуларен пример на бриселска магија, ем ЕУ ќе продолжи да се бори против енергетската криза, ем ќе остане истрајна во спроведувањето на својата зелена агенда.
Додека Украина ја китеа со кандидатскиот статус, Германија по приватни канали барала целосна измена на клучните спогодби за функционирање на ЕУ, стравувајќи дека членството на Украина ќе биде погубно за германската доминација во Унијата.
ЕУ и формално ја додаде Украина на листата кандидати за членство, ама ако внимателно погледнете под целата помпа ќе видите дека ова е далеку помала работа отколку што Брисел сака да верувате.
Од милионите интерни монолози и маалски закани до дечурлана „ќе ви фрлам бомба“, една деновиве се оствари во украински Днепро, од 54-годишен маж кој во моментот не е многу при свест. Нема загинати, само едно дете е повредено.
Не само што војната во Украина (и покрај сите себе-честитања) не ја обедини Унијата на некој до сега невиден или трансформативен начин, туку таа има спротивно влијание на продлабочување на поделбите, менување на сојузништва и балансот на моќ. Токму тоа што Франција и Германија не го сакаат.
Најголемиот дел од Европејците се подготвени да ја отстапат окупираната територија на Украина во замена за крај на војната што е можно побрзо, покажуваат новите анкети објавени од британски Тајмс.
Украинската државна компанија Нафтогаз, објави дека итно отпушта еден од највисоките советници на претседателот на компанијата. Не заради соработка со Русите, туку заради соработка со Бентли.
Деновиве беше објавено дека Русија заради технички проблеми плус одржување, ја намалува испораката на гас во ЕУ преку Северен тек 1, што значи дека може да се случи ЕУ да не стигне да ги наполни резервите на гас до почетокот на зимата.
Европски компании за бродски транспорт се предводници во „подбивање“ со европските санкции против Русија, успевајќи да ги дуплираат своите пратки со руска нафта од почетокот на инвазијата на Украина.
Откако од трета мајка успеа да излезе од родна Украина, поранешниот украински претседател и несуден херој од одбраната на Киев, Порошенко деновиве е снимен на прошетка низ Лондон. Украинска правда пишува дека Порошенко официјално имал „излез“ до 2-ри јуни. Тој се уште не е вратен во Украина.
На пауза од фронтот украински и полски добрoволци од единицата Карпатска сич, излегоа пред камера за да кажат што имаат околу „Киев прајд“ парадата закажана за 25 јуни во Полска или според нив „организирана ЛГБТ провокација“.
Наместо нови модели на тенкови и оклопни возила за украинската армија, Германија повторно реши да ја третира Украина како еден масовен отпад во кој завршува старата железарија што не би можела да се потроши ако нема војна.