Алтернативата на воена реакција на руското распоредување војска на границата со Украина треба да биде далеку поелегантното исклучување на Русија од банкарската мрежа што ја користат 11.000 банки од 200 држави низ светот. Магазинот Економист смета дека тука нема ништо елегантно.
Ако денешните тенденции продолжат во иста насока, речиси е неизбежно Кина да ја замени Америка како број еден сила на светот. Ќе биде тоа ред солзи - ред мрсули, а малку и ќе боли газето, јер најмоќните често се залажуваат дека тоа им е од Бога дадено. Што можат Американците да научат од британското оплакување на нивната изгубена империја?
Русија веќе има 92.000 војници на границата со Украина и се подготвува за напад до крајот на јануари, тврди првиот човек на украинското воено разузнавање генерал Кирило Буданов.
Како што го напушта Авганистан во хаос, пропаѓањето на Америка го отсликува она на Британија од пред еден век, и исто како и тоа може да предизвика поширок конфликт, пишува историчарот Ниал Фергусон во текстот за Економист.
Руски дилери на дрога украле уште еден лаптоп од синот на американскиот претседател дур тој бил на раб од предозирање во соба во Лас Вегас во 2018, тврди синот на американскиот претседател.
Он-лајн енциклопедијата е преземена од левичарски „волонтери“ кои изворите што не одговараат на нивната агенда ги отпишуваат како лажни вести, порачува човекот кој во 2001 ја ко-основаше Википедија, Лари Сангер.
„Да се биде отворен, и покрај минатото“ е насловот на колумната на Путин по повод 80 годишнината од нацистичката инвазија на Советскиот Сојуз, во која тој од руска перспектива зборува „за европцките работи“, односно за тоа „шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред“.
Украина запленила 1.500 литри вотка направена од чернобилски јаболка. Не дека се работи за некој таен проект. Вотката транспарентно e наречена „Атомка“ и сега се бара назад, во име на науката.
Администрацијата на Бајден размислува околу испраќање воени бродови во Црното море во следните неколку седмици како поддршка на Украина, откако руските воени сили станаа се почести и побројни на границата со Украина.
Прво Путин генерално задоцнил по сите агенди на една државна средба во Украина, по што наместо на состанок продолжил на пијачка со другарите, за на крај на ред да дојде да се види со Јанукович.
Колкав може да биде проблемот со алкохолизмот кај мечките во Украина? Доволно голем за на Карпатите да се отвори центар за лечење на мечки алкохоличари.
Ќе си речете, тркало, пих, проста работа. Е, како тогаш е измислено дури во 3.500-та година п.н.е. и тоа дури откако луѓето научиле да прават легури, канали и пловила?
Соочена со опасност од избивање скандал околу фотографијата од која се гледа дека Патријархот носи ужасно скап часовник, Руската Православна Црква беше принудена да издејствува чудо: часовникот да изчезне од сликата! И потоа пак се појави!