Глобалниот козметички конгломерат Лореал има посветено над 100 години на убавината на нашата кожа, порачувајќи ни дека „вредиме“ по билборди и списанија. Исто толку време има поминато и пресликувајќи преку своите грди брчки предизвикани од не-баш-беспрекорното минато.
Сè повеќе жени без деца активно ја прифаќаат улогата на тетки. Експертите велат дека е време да им ја признаеме оваа улога за доброто влијание и трансгресивноста што ја има.
Јутјуберката НикиТуторијалс нејзиниот серијал „Моќта на шминката“ го започна во 2015. Почна со себе, па дојде Ким Кардашијан, па Дру Баримор. За најновата епизода ја има покането Адел.
Шанел пушти календар со производи во продажба - секој ден, до Божиќ си отвараш по една вратичка и си наоѓаш „корисен“ производ - чинеше 825 долари и тоа што се паѓа внатре е срамота.
ТикТок има нов проблематичен предизвик - се работи за специфична задача што треба да ја извршиш во одреден временски период, со намера да го промениш изгледот. Супер.
Ние уште не знаеме, ама Спајкд, кои многу често имаат легитимни аргументи кога нешто е ѓубре, за новата книга на Емили Ратајковски „Моето тело“ велат дека е „плитка, солипсистичка и посамобендисана од тинејџерски дневник.“
Има уметници на Инстаграм, а и такви што ги знаеме (и што сме им легнале под игла) што се врвни. Но, на некои од сликите на интернет е прикажан таков неверојатен фото-реализам (невиден во живо), со таква ѕифт-црна боја, што те тераат да се замислиш.
Не така мал дел од расположението околу обновувањето на „Сексот и градот“ се врти околу прашањето „Што па мораат да се враќаат?“ И голем дел од ова се должи на, чудо - дека се остарени во последниве 20 години откако излезе пилот-епизодата.
Рецепти за sourdough имаше милион, затоа што во пандемија сите станавме пекари, и ако. И без разлика што кога ќе го видите лебот на видеото, и за него ќе ве занима рецепт, овде е тема - путерот.
И дневна доза чевларски убавини. Скоро па да може да им ја прости човек ноторната неудобност. Патем, ако решите да платите за Kate, пријателски совет: Исчитајте ги прво коментарите на постов. И кога ги сакаат ги плачат.
Нетфликс ќе пушта серија со наслов „Измислувајќи ја Ана“, за Ана Сорокин, која од 2013 до 2017 се преправаше дека е германска наследничка и се инфилтрираше во њујоршката друштвена сцена.
Животот на куратор на музеј за шминка не е вообичаен - и еден таков, знае во петок навечер да заглави на иБеј и Етси барајќи винтиџ шминки и додатоци за нив, па во еден момент наоѓа и марамчиња за шминка.
После Ајк, Тина и тоа како заслужи љубов: ја најде во Ервин Бах, успешен германски продуцент, со кој ѝ се сретнале патиштата во 1985, а се венчаа во 2013.