Серија за лажната наследничка што превари тон Американци

Нетфликс ќе пушта серија со наслов „Измислувајќи ја Ана“, за Ана Сорокин, која од 2013 до 2017 се преправаше дека е германска наследничка и се инфилтрираше во њујоршката друштвена сцена.

Измами повеќе од 200 000 долари од банки и луксузни хотели, а за неа пишувавме тука, запрепастени од тоа како е можно така лесно и мазно да леташ од човек на човек, од хотел до хотел, постојано со „финти“ и толку долго никој да не те фати.

По некое време, беше осудена за кражба на услуги, пљачка и слични, најлоповски работи.

Веќе има слики од актерката Џулија Гарнер што ќе ја игра Ана. Продуцент е Шонда Рајмс, а сите што ги интересира приказната, ќе можат да ја гледаат од 1 јануари, 2022.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Diet Prada ™ (@diet_prada)

А, за да се спремите за серијата, еве:

 

27 октомври 2021 - 10:44