Многу работи им се случија на луѓето од екипата после разочарувачкиот крај на Игра на тронови. Емилија Кларк сними неколку големи филмови, Џејсон Момоа е сега Аквамен, Софи Тарнар е Џин Греј, но што се случува со Џек Глисон, запамтен по еден од најуспешно напишаните и одиграни негативци во историјата на телевизијата?
Сите мислеа дека ќе почне да добива огромни улоги после отровот во четвртата сезона. Кога прв пат излезе серијата, имаше околу 19 години, но покажа многу ветувачки талент - толку добро го одигра принцот (па кралот) Џофри, што светот колективно воскликна кога помодре и се угуши во кадар. Ама не славеше само светот - и Глисон потајно си го прославил ова.
„Додека растев многу сакав да глумам во голем филм или серија и си го постигнав најголемиот сон,“ вели Глисон за Индепендент после пробите за Галебот на Чехов во театар. „Не сум створен за тоа. Ова се само проби. Сигурно ќе бидам скапан после секоја изведба, со цел тој адреналин што пулсира низ мене.“
Се има откажано од филмови и серии и игра во поопуштени работи сега. А почетоците му се сосема случајни - земал часови по актерство затоа што немало ништо друго во локалниот општински центар. „Блиску ми беше,“ изјави за Вулчр, „ми изгледаше забавно. Да имаше часови по карате, може сега ќе бев каратист, но од некоја причина, имаа часови по глума, па таму отидов.“
Од овде, стига на снимање и е скроз незадоволен.
„Кога одиш на снимање, ја сфаќаш висцералната реалност. Тоа што го гледате на телевизија е производ на огромен процес и монтажа и пишување и тоа го нема на обичен ден на снимање.“ Не му одговарало ни спремањето со шминка и костими - му било „неподносливо досадно“.
Серијата беше од тие што го менуваат животот на луѓето што учествуваат во неа, и додека некои од нив уживаа во новото внимание, на Глисон му било „непријатно“. И смета дека веројатно статусот на ѕвезда е тоа „непријатното“.
„Луѓето можат да бидат богати, а да не бидат злобни, но ова со статусов… Некои кога стануваат славни, се чувствуваат подобро, повредно. Тоа ми е неудобното. Се обидувам да го отфрлам тоа што е можно повеќе.“
Сега има 29 и живее нормален живот, во стан во Лондон, не баш гламурозен како што некои би помислиле и си го живее животот како просечен човек. Сѐ уште реагира на некои мемиња со Џофри и позира за фотографии со фанови, но не го живее типичниот живот на една ѕвезда.
Кога го прашале за финансиските можности што ги пропушта по одлуката да ги напушти рефлекторите, рекол:
„Со задоволство ќе жртвувам голем хонорар за мојата среќа.“