Откако тргна по кина, филмот го фалат од сите страни, со Гага на чело, ама од семејството Гучи воопшто не се воодушевени.
Според изјава што ја има земено Варајети, „продуцентите не се помачиле да ги консултираат наследниците за описот на Алдо Гучи - претседателот на компанијата од 30 години (го игра Ал Пачино) и членовите на семејството ги претставиле како битанги, несвесни и бесчувствителни за светот околу нив.“
Наследниците на Алдо Гучи сметаат дека „протагонистите во познатите настани имаат став и тон што ним никогаш не им припаѓале.“ Во изјавата се додава: „Ова е многу болно од човечка гледна точка и е навреда за оставштината на која брендот е денес изграден.“
Плус, Патриција Реџани која беше вмешана во убиството на Маурицио Гучи (што го игра Адам Драјвер), е претставена како „жртва што се обидувала да преживее во машка и шовинистичка корпоративна култура. Ова не може да е подалеку од вистината.“
За Том Форд, искуството со филмот било како „преживување ураган“, иако уживал во изведбата на Гага и Адам Драјвер. И уште не му е јасно дали е затоа што е фарса, или стварно се работи фасцинантна приказна за алчноста.
До моментов сѐ уште не пролетале тужби, ама има време.