Винтиџ марамчиња за кармин

Животот на куратор на музеј за шминка не е вообичаен - и еден таков, знае во петок навечер да заглави на иБеј и Етси барајќи винтиџ шминки и додатоци за нив, па во еден момент наоѓа и марамчиња за шминка.

Прво, замислете да сме толку напред па да имаме дури и музеј на шминка.

Се нажаливте? Океј, сега да се позабављаме малку: Спомнатиот безимен куратор, во еден таков петок додека се сите на пијачки, налетува на козметички додаток што денес и нема како да го имаме: марамчиња за кармин.

Најрано се спомнуваат во 1932, што и има смисла затоа што неколку патенти се појавиле за дизајнот таа година. Се користеле и како промотивен материјал.

Пример: Ова подолу веројатно им се давало на муштериите за промоција на Гејмејд најлон-чорапи. Жените ги чувале во ташна и го оставале на нив вишокот кармин во текот на денот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Vulox Vanity (@vuloxvanity)

Еден од коментарите, веројатно од девојка родена после 2000 и некоја наивно ќе каже „Прекрасно е, ама ве молам објаснете ми зошто би се блот-нал карминот?“

Никој не се потрудил да ѝ објасни, сите паѓаат во несвест од производот. А и фино беше да се потсетиме дека порано ритуалите за шминкање беа поинакви. Како на Урсула од „Малата сирена“ на пример.

26 октомври 2021 - 09:00