Под Лореал се денес Ланком, Ив Сан Лоран, Џорџо Армани, Кил, Кашарел, Дизел и Виктор и Ролф, а годишно имаат промет од 1,37 милијарди долари. Познати се по козметика. Она што не е баш масовно познато е дека обезбедувале океани боја за нацистичка Германија, за камуфлажа на воени машини и бродови. Нафатиран со воен профит, основачот на Лореал се враќа козметичката индустрија, во повоената глобална бјути-сцена.
Ежен Шулер е еден наци-симпатизер што основа козметичка компанија во 1919, кога открил нова формула за фарба за коса. Оттогаш, Лореал експоненцијално расте.
Шулер се смета себеси и за современ адвертајзинг-могул и навистина станува еден од основачите на модерното рекламирање. Бил опседнат со организација на бизнисот и општеството. Истражувал социјализам и капитализам, неуморно барал нови начини да го организира трудот и да награди продукција, предавал и објавувал статии за политика и економија. Истовремено, Франција избира радикална левичарска влада во 1936, која носи социјални реформи, скратена работна недела, платени одмори и гарантирани покачувања на платата. Одеднаш жените имале приход, повеќе време за себе, па со тоа и желба, начин и можност да се средуваат.
Иако Шулер ужива во придобивките на новата француска администрација, новата политика сепак не му е по вкус. Не му се допаѓа демократската контрола и повеќе му одговара диктаторски модел како во Италија со Мусолини, Шпанија со Франко и новата Германија на Хитлер. За да ја продлабочи неговата десничарска агенда, Шулер, сега побогат од кога и да е, финансиски го подржува анти-комунистичкато и антисемитско француско движење кое имало за цел насилно да ја собори избраната влада, а биле одговорни и за атентатот на поранешен министер и бомбардирање на шест синагоги. Состаноци имале во канцелариите на Лореал.
Франција се распаднала под нацистите. Понижен и скршен, Шулер ја обвинува левицата и демократијата. Под германска окупација, неговите написи и предавања стануваат агресивно про-нацистички и нетолерантни и искористува да формира соработка со германската компанија за бои Друкфарбен. Од боење женска коса преминал на боење тенкови и бродови, а цели 95% од производството одело на германската војска.
Со падот на нацистичка Германија во 1945, почнале истраги и судења за нацистичките водачи и нивните соучесници. Во ’47, Шулер бил на список како еден од многуте „доброволни соработници“ на Хелмут Кнохен, СС командант одговорен за депортации во кампови на смртта и бројни егзекуции во отпорот. Неговиот огромен воен профит сепак никогаш не бил докрај објаснет. Потребата за национална реконструкција била политички поважна и финасиските извештаи на банките се губеле или се лажирале.
Шулер бил обвинет и му се судело, но немало финансиски докази, плус серија сведоци дошле да го фалат - Франсоа Митеран на пример, тогаш иден претседател отишол дотаму да тврди дека Шулер го финансирал отпорот. Го ослободиле и компанијата продолжила да просперира. Поранешните членови на радикалната десница кои исто така успеале да избегнат гонење, ги вработиле на високи позиции по војната - Жак Корез после 10 години затвор за воени злосторства отишол во Америка како нов ЦЕО на Лореал.
И не е само Лореал: Се спомнува БМВ, кои користеле робови на нацизмот за производство, потоа Др. Фердинанд Порше кој бил офицер на СС. Основачот на ИКЕА, Ингвар Кампрад бил познат член на партијата, а Хуго Бос правел униформи.
Од 1961 до 1991, германските канцеларии на Лореал биле на имот конфискуван од Евреи убиени во Холокаустот. Повоената битка за враќање на имотот траела три генерации. Наспроти законот да се врати целиот конфискуван имот на вистинските сопственици, Лореал го држеле најдолго што можеле, до 1991 кога веќе платиле оштета на еврејски фонд, но не и на оштетеното семејство. Чудниот, неправеден исход е тема на книгата на Моника Вејцфелдер, „Лореал ми ја украде куќата“, која излезе во 2007.
Семејната приказна на Шулер е еднакво кафкијанска. Неговата внука, Франсоаз, се мажи за Жан-Пјер Мејер, чиј дедо рабин умрел во Аушвиц. Во моментов е една од набогатите жени на светот, со 33% акции во Лореал.
Медиумите полека ја откриваат ужасната реалност на соработките со нацистичкиот режим, но истовремено, компанијата части со политички коректни, пацифистички изјави и финансиски гестови за да го задржи минатото скриено. Кансел-културата поинаку се однесува со конгломерати.