Доколку вечерта по изборите резултатите не излезат во корист на американскиот претседател, многу е веројатно дека Трамп инстантно ќе си поднесе оставка за Мајк Пенс да може да го помилува и амнестира за сите можни идни судски гонења заради федералните прекршоци што можеби ги направил.
Пред помалку од 10 месеци спротивставувањето на Доналд Трамп беше еден од најблагодарните и патриотски потези што еден републиканец може да ги направи. И во тоа време голем број високопласирани републиканци не му премолчеа на кандидатот. Ама, дали пред, дали по изборите, добар дел од нив отидоа на бакни-рака кај новиот претседател на САД.
Нови работни места, обновување на инфраструктура, здравствена заштита, даноци, екологија, борба против криминал, оправање судство, се работи што може секој политичар да ги вергла по митинзи. Трамп не е секој политичар.
Мајкл Мур состави упатство во 10 точки за реметење на мандатот на новиот претседател. Убеден е дека ако граѓанскиот отпор одигра мрежно и упорно, Доналд Трамп нема долго да трае.
Веројатно единствената замисла што звучи по излудено од "Претседателот Трамп" е идејата за изградба на ѕид меѓу САД и Мексико. Првата работа се случи, втората е ставена во забрзана постапка да се случи. Мексикански архитекти направија компјутерски модел на ѕидот која комплетно ја доловува неговата бесмисленост.
„Биди мојот херој“ му напишал Џо Егзотик на Доналд Трамп барајќи да биде помилуван од долгогодишната робија заради ковање заговор за убиство на неговата архи-непријателка. Па уште и грешел во пишувањето, за да му долови дека му ги мачат рацете во затвор.
Сите се колнат во НАТО, ама никој не сака да плаќа за него (слично важи и за ОН). Ама онаа будалетинка Трамп баш тоа ѝ го приредил на Ангела Меркел. Направил фактура колку Германија има заостанат долг кон алијансата и ѝ ја предал. А долгот е боли глава.
Додека Русија е под здружен бараж од секоја можна американска разузнавачка агенција дека успеала да направи травестија од најголемата и најстабилна демократија на светот, и истата да ја уништи со наплив на вистини, некако спласна целата фама за лажните вести што помогнале во изборот на Трамп. Сепак Вокс наоѓа една интересна фалинка во целиот муабет околу лажните вести и нападите на Хилари.
Доналд Трамп ветуваше дека ѕидот кон Мексико кој ќе ги спречи илегалните мигранти да влегуваат во САД ќе го гради не само брзо туку и од „постоечките средства кои стојат на располагање“. Сега открива дека на располагање му стојат само 20 милиони долари.
Како претседател на САД ќе раководи со огромна машинерија од луѓе. Сепак еден е оној прв и најблизок круг на луѓе во кои владетелот има најголема доверба. Кои се тие кај Трамп, со малку побитолчанети прекари.
Овие избори повеќе се национален референдум за Трамп и неговите радикално поинакви политики, отколку избори меѓу два кандидата. Во таа смисла, со оглед на бројот на црни и латино гласови кои Трамп ги додаде на свое конто, Демократите не можат да бидат задоволни со исходот на референдумот.
Директорот на ФБИ, директорката на ЦИА и првиот човек на американската одбрана, се на списокот на Трамп за отпуштање по изборите доколку тој остане претседател на САД.
Трамп пред некој ден ја критикуваше Меркел за нејзината позиција кон бегалците и се закани дека ќе воведе 35% царина на увоз на БМВ во САД, затоа што Германците биле нефер и не купувале американски автомобили.
Наместо да се гледа како на политичар, на Трамп треба да се гледа како на бизнисмен, а на неговите постапки (околу Флин, Русите, ФБИ) како на ЦЕО кој се обидува да ги скрие срамните откритија за својата компанија.
Иако Трамп имаше шанса со неколку празни фрази да ќари лесни поени кај општата популација, неговиот избор на зборови во реакцијата околу Шарлотсвил беше една од најпогрешните комбинации што можеше да ги погоди. Контра одговорот стигна од насловните на некои од најголемите светски магазини.
Два твита на американскиот претседател добија придружно предупредување дека се спорни во поглед на изнесените факти. На Трамп не е човек да му верува ама застрашувачки изгледа и иднината во која врховен судија на тема вистина ќе имаат моќни мултинационални приватни корпорации кои бркаат профит.
Која е сега „вистинската работничка партија на Америка“, се прашува Мат Таиби анализирајќи ги резултатите на Трамп кој наспроти сите учени анализи, изгуби заради недоволната поддршка на белците, додека кај сите други помина одлично. Изгуби и заради пандемијата но на оние кои им е најважна економијата, тој убедливо им е поуверлив од Бајден.
Кога во петокот Трамп ја објави забраната за муслиманите мигранти да влегуваат во САД, главното прашање беше колкав е нејзиниот опсег. Во саботата стигна објаснувањето - ова ги опфаќа и постојните 500.000 иматели на Зелена карта, кои ако се затекнале надвор од САД веќе немаат право да се вратат назад (или да пречекорат од транзит зоната на аеродром).
Кога пред една година (време во кое сериозно големото мнозинство либерали беа блажено среќни во својата увереност во победата на Хилари) Мајкл Мур предвиде дека Трамп ќе биде победник на изборите најголемиот дел од "неговите" не се мачеа ни да се нервираат со тоа што го збори, туку свртеа на смеење.
Ако нешто до сега му успеа на Трамп, наспроти неговата желба, тоа е да ги спаси и да ги извади од проблеми своите најголемите душмани во САД - големите медиумски куќи.
Трамп може нема да го освои мнозинството од гласачите, ама како што сега стојат работите сигурно ќе го освои мнозинството гласови од изборниот колеџ, порачува истиот човек кој уште во јули 2016 беше меѓу првите луѓе од меинстрим левицата кој предвиде пораз на Хилари.
Џастин Трудо покажа како се блокира а сега една џиу-џицу академија постираше видео упатство како најефикасно се реагира на непријатниот начин на ракување на Доналд Трамп, кога ти ја држи раката и те влече кон себе. Зафатот се вика „гускин врат“ и ќе биде весело ако некој државник се охрабри да го изненади плавушанот и да му го демонстрира потегот.