Со 24 поени, 8 скока и 8 асистенции Стеф Кари го водеше Голден Стејт Вориорс до триумф над Индијана Пејсерс 111:107. Пред мечот некогашниот МВП на лигата гаѓаше тројки од пола терен ко да шутира во празен гол.
Стеф Кари со 4 шампионски титули, 2 МВП награди за најдобар играч во НБА, 10 учества на Ол-Стар, број 1 тројкаш во историја на лигата, важи за еден од најдобрите кошаркари на сите времиња. Денес на 35 години и натаму е неверојатен шутер и дриблер и го води својтот Голден Стејт Вориорс чиј член е цели 15 години!
Во дербито на вечерта, Голден Стејт Вориорс со 104-100 го доби Далас Маверикс. Ендрју Вигинс беше најефикасен кај „воините“ со 23 поени, четири скока и две асистенции. Стеф Кари имаше скромен учинок од 13 поени и по 7 скока и асистенции. Лука Дончиќ стигна до нов трипл-дабл со 30 поени, 12 скока и 11 асистенции. А пред натпреварот правеа циркус со Кари со шутеви од пола терен.
Најдобриот светски тенисер го продолжи престојот во САД каде и покрај сензационалниот пораз од 20-годишниот Лука Нард на Индијан Велс, Србинот остана да ужива во разни настани.
Лидерот на поранешниот шампион Голден Стејт постигна 45 поени (8/13 за три поени, 25 поени во прва четвртина) со 10 скока, па после Лејкерс, воините го урнаа и другиот фаворит од Лос Анџелес, ЛА Клиперс 115-113. Кари по 62. пат во кариерата постигнува најмалку 8 тројки во НБА меч.
Повеќекратниот шампион Голден Стејт Вориорс се спрема психички и физички за првиот натпревар после речиси повеќе од една недела пауза поради смртта на нивниот помошен тренер Дејан Милојевиќ. Пропуштија два натпревари а тренирале само од понеделникот. Никому не му е до баскет.
Стеф Кари го предводеше Голден Стејт во триумф против Сан Антонио со 23 поени разлика. Постигна 32 коша, а во еден момент ги збуни сите со магија под кош. Ова личеше дека ќе биде додавање, но...
Поради новиот концепт плеј-ин кој за многумина е глупост, а за други е генијален изум, синоќа за влез во плејоф играа ЛА Лејкерс и Голден Стејт. Во директен дуел на Стеф Кари и Леброн Џејмс, поуспешен беше постариот. Лејкерси славеа 103-100 и тоа со тројка на Леброн во последните секунди од преку 10 метри.
Голден Стејт Вориорс им се врати на победите откако синоќа ја разби Јута Џез 140-137. Ова беше второ гостување на екипата во Солт Лејт Сити по ненадејно починатиот Дејан Милојевиќ токму при гостување во овој град. Синоќа Клеј Томпсон изнедувачки тргна од клупата за резерви првпат после 2012-та и постигна сезонава највисоки 35 поени од кои дури 7 тројки со 6 скока и 2 асистенции. Стеф Кари додаде 25 поени со 10 асистенции и 6 скока.
За најдобар кошаркар на регуларниот дел од сезоната во НБА е избран центарот на Денвер Нагетс кој заслужено ја добива наградата во силна конкуренција со Стеф Кари и Жоел Ембид.
Брон, Дејвис, Дурент, Вестбрук се стандардни на стартот на НБА сезоната. Стеф Кари растура како и обично, ама во лигата има еден играч кој после 8 меча е најголем спектакл за гледање.
Во женскиот средношколски баскет во САД се случува апсолутно непредвидлив процес. Таму една девојка им парира на сите рекорди на неверојатниот Стеф Кари и пред некое време на еден меч постигнала 19 тројки а друга е апсолутен хит на паркетот зошто игра со неверојатна леснотија и покрај центарската конституција.
Во големото дерби на вечерта ЛА Клиперс со 130-125 го совлада Голден Стејт Вориорс и има сега 36 победи и 17 порази. Стеф Кари во поразот имаше 41 поен со 4 скока и 5 асистенции. Во еден момент после мечот додека одел кон соблекувалнте, од тунелот кај подтрибинскиот простор решава да проба нешто. И му успева. Ова не е нормално.
Голден Стејт Вориорс продолжува да меле и благодарение на чудесниот Стеф Кари има учинок 13-2 од старт на новата сезона. Ако лани беа убедливо најслаби во лигата по многу параметри, сега „воините“ неочекувано растураат. Го совладаа синоќа Кливленд 104-89 а мечот донесе и една јака банана на 25-годишниот Сенегалец Тако Фол кој од 27 септември игра за Кавалирс.
Веќе стана три децениска традиција НБА лигата да блеска со балкански сјај и тоа со играчи кои се сериозно опасни со баскет в рака. Со други зборови колото беше лудачко, затоа што вечер за паметење имаа Јокиќ, Дончиќ, Џејмс и Кари.
Дваесет и девет годишниот крилен центар на Партизан во минатото играше за Хапоел Гилбоа Галил, Милано, Олимпијакос и Жалгирис, еднаш за време на еден дуел од грчкото првенство против Колосос си земал кафенце од една присутна гледачка во прв ред.
На мечот кој Голден Стејт Вориорс го доби против Орландо Меџик 101:93, центарот на гостите Драјмонд Грин беше исклучен после само три минути откако доби две технички грешки зошто непрекинато во лице им дофрлал на судиите. Арбитрите претходно не досудиле наводен фаул над Вигинс, а тоа го изиритирало Грин кој верувале или не сезонава пропушти 16 меча поради суспензија.
Соединетите Американски Држави се апсолутен фаворит за олимписко злато во кошарка на Игрите во Париз летово. Ако на Светски првенства доаѓаа во шарен состав и си дозволуваа разни срамни порази, Олимписките Игри традиционално ги играат во најсилен можен состав.
Високиот Литванец Јонас Валанчунас постигна рекордни во кариерата 39 поени, со 15 скока и 3 асистенции во победата на Њу Орлеанс Пеликанс над ЛА Клиперс 123-104.
Во јубилејното 70. издание на НБА Ол-Старот, во „Стејт Фарм“ Арената во Атланта, тимот предводен од Леброн Џејмс и Јанис Антетокумпо издоминира јако против тимот на Дурент 170:150, по четвртини /40:39, 60:41, 46:45, 25:24/.
По пауза од 39 години, Индијанаполис е домаќин на традиционалниот годишен спектакл во НБА, а тоа се Ол стар игрите кои викендов се одржуваат по 73-ти пат.
Актуелниот шампион на НБА му приреди сензационален пресврт на Голден Стејт Вориорс на гости, кој го загуби мечот после водство во последната четвртина од дури 18 поени разлика.
Новата НБА сезона треба да започне на шеснаесетиот ден од октомври, а деновиве најмногу се зборува за тоа дали играчите ќе се вакцинираат против ковид 19 и какви последици би сноселе оние кои не сакаат примат вакцина.